СТОБИ – реквием за еден град

Добредојдовте во ‘Stobis, vetus urbs’, како што го нарече римскиот историчар Ливи градот Стоби.

Ова тло во таа древна римска временска рамка, го имаше можеби највеличенствениот период од историјата на Македонија.

Период во кој кралевите ги обединувале луѓето.

Кралевите Филип  II и Александар III.

Обединувале, но и го освоиле до тогаш целиот познат свет.

Стоби распослан на крстосница, ги уживаше највисоки привилегии во Римската империја.

Рана пролет во Македонија.

Прва наша средба со Стоби.

Газиме на тло по кое оделе кралеви, а подоцна и епископи.

Единствените мозаични подови се само едни од доказите какво значење градовите имале во овој географски регион.

Овде е срцето на Македонија.  И тогаш..а и денес.

Раскрсница со многу значења. Спој меѓу југот на Егејот и северот на Балканот. Трансферзала на Европа. Место каде цивилизациските достигнувања на древниот народ заслужуваат повеќе од поклонување.

Стоби не бил обичен град.

Стоби бил високо развиено урбано општество со рафинирано ниво на културен развој.

И ако се загребе низ историските факти на научниците кои се посветиле на проучување на Стоби, овој град свои корени влечи многу пред  VII и VI век п.н.е.

Од Неолитот, па преку Железното доба се сигурни траги за Стоби. Неверојатно напластена историја. Одите низ локалитетот и замислувате колку слоеви има земјата по која газите. Какви гласови се слушале помеѓу градбите, дали гласно се смееле, што пееле….?

Од монети до скулптури на божества, од столбови, до згради со натписи, од улици до театар. Гледате денес, а тогаш истите вревеле со живот.

Стоби треба да се доживее. Делува мртво денес, како замрзнат кадар од филм, затоа и реквием ставивме во насловот….но овде се случувал живот и се допирале цивилизациски висини за кои можеби и денес не сме доволно свесни.

Стоби останува тука, наше е да му се навраќаме. Да се слушаат чекори на нови луѓе, од едно ново време…нашите чекори по неговите улици се новиот слој на еден балсамиран град,

You may also like

Leave a Comment