Intro

Intro

На едно пешачење до Трексавец во едно зимско утро, спонтано започна еден дијалог за еден блог.

Блог кој ќе се занимава со Македонија, погледната низ призмата на еден пар сонувачи и талкачи, по за нив “Ајде време е за некои блиски убавини!”

Светот, скоро па го имале на дланка…во различни варијации на патувачи и сонувачи.

А Македонија….веројатно им беше оставена на страна…како “познат” простор.

Откритието дека скоро ништо не знаат за своето парче земја беше и радосен и меланхоличен..

Нивните талкања започнаа спонатно, непланирано и без амбиции да станат она што се денес…уживање за нив, во секоја смисла.

Што би бил овој блог, тогаш се дебатираше…?!?

Блог кој ќе влева сила во доживувањето на природата и нејзините убавини и можеби ќе фрли некоја радост или насмевка на нечие друго лице.

Да го чуваме за нас..или да го споделиме со светот?

Пар очи, во оваа, за нив насловенa “No Man’s Land” донесе нова димензија на љубов во која не гледате со затворени очи во дупките на светот од реалниот живот, туку со ваков ескејпизам ќе се обиде да ги надмине, да ги отпушти, да вдиши со полни гради, да се разбуди, да расцевта и да замавне со полна сила….

Еве така се случи овој блог….

Сосем обичен блог, за сосем посебни работи.

Ако верувате во непресушна животна енергија, тогаш ова место е ОК и за вас.

Ова е блог за креативни и инспиративни откривања на Македонија.
Некој спој на собирање мигови, трагање по нови идеи за откривања, фасцинирање од животната фаза низ насмевки и прегратки со природата, подарување на внимание, работа на себеси, на релациите….на животот.

Блог за нешта за кои се зборува и за нешта за кои не се зборува.

За храброста да се биде свој и на другиот да не му се наметнува своето…ете тоа е филозифијата на овој “No Man’s land”…сечиј и ничиј, прекрасен и див, близок…а тотално непознат.