Љубица Ангелковa
7 Октомври, 2018
И Балканот има свој Stounhenge, но многумина тоа не го знаат. Камената опсерваторија Кокино се вбројува помеѓу највредните во светот.Во 2005 година, вселенската агнеција НАСА објави список на 15 опсерватории и Кокино ја смести на 4 место. За оние кои бараат телескопи и други направи, ова не е место…оваа е опсерваторија стара 3.900 години и служела за проучување на небеските тела.
Камена формација е, затоа се нарекува мегалитска. А откриена на прагот на новиот милениум, во 2001 година. Пристигнавме околу пладне, во еден убав октомврски ден кога есента се распосла низ пределите кои ги извозивме, менувајќи полиња, со ридови, планини и по некој превој…
30 Декември, 2018
Претпоследен ден на 2018 година.Период во кој луѓето повеќе ги дружат кафаните, отколку планините…но, не и ние.
Поволни временски услови, иако Мариово го беше покрила мала покривка од снег. И колку неуко да звучи, никогаш претходно не сме размислувале дека Мариово има планина со свој обележан врв. Тоа даде нова димензија на една малку поранашна љубов, љубов кон Мариово.
2 Декември, 2018
Уште во времето на Птоломеј се цртал на картите еден планински венец кој без прекин се протегал од Исток кон Запад кој ги делел јужните топли балкански земји Македонија, Грција и Тракија од северните ладни области. Венец кој претставувал бариера помеѓу дивиот север и цивилизираниот југ, ќе напишат во списите старите Хелени.Во времето на ренесансата се нарекувал Catena Mundi, а во 19 век Zentralkette.Во тој масив, припаѓала и Галичица.
Ова е наше второ враќање тука, овој пат на стартот на последниот месец од 2018 година. Дојдовме со цел да освоиме втор од низата врвови кои подоцна се нижеа.
Денот беше одреден за Бугарска Чука (1801м).
Галичица може да се опише различно. За нас таа е предел кој дише со питом и див карактер истовремено, но над сé потполно своја и скоро негибната. Повторно стигнавме до точката на крај од асфалтен пат од каде ја започнавме нашата нова авантура.И во овој прв дел, уживање е погледот кон првото езеро, Преспанското.Оттаму води слабо маркирана патека, теренот е јасен и прегледен, но во случај на снег или магла ова е комплицирана акција за искачување, само заради отсуство на маркација.
3 Ноември, 2018
Три главни состојки се потребни за ноемвриско планинарење:
~ блиски и не многу амбициозно високи врвови зошто е денот краток
~ што повеќе сонце и отворени планински гребени заради топлина
~ пржени лепчиња со јајца, сирење и чај со мед во ранецот
Сите три состојки ние ги имавме на тој 3 ноември, единствено истражувањето дека патеката за да се освои највисокиот врв Мусица на Бушева Планина е маркирана, а всушност не беше.
20 Октомври, 2018
Заладување и мал октомвриски снег, а потоа неочекувано повторно топење кое беше идеален услов за појава на ниска облачност.
А тоа значи и сино небо и прекрасни формации на облаци.
И тогаш си кажуваш дека треба да бидеш на вистинскот место, во вистинското време. Не постои подобро место за “од по облаците” онаму каде што од висина можеш да гледаш и езера. Заради рефлексиите во водата, а понекогаш и заради ниската магла која лебди над езерата.