Есенско искачување до небото

Има волшебна магија во македонските планини, особено кога доаѓа есента. Тоа е време кога, еве Шар Планина ја фативме во бавен танц помеѓу последната летна воздишка и првиот зимски шепот. Овој пат, нашата цел беше врвот Плат, висок 2.398 м, како повик со ветување за неверојатни глетки.

Искачувањето започна во раните утрински часови, со првите сончеви зраци на мрзеливото есенско сонце, кое ја прикажа Шара во есен како платно насликано со широки потези на ‘рѓа, килибар и бургунди, испрекината од зелените смреки кои одбиваат да се им покорат на променливите годишни времиња. Секој чекор беше проследен со мекото крцкање на сувата трева, звук кој станува ритам на планините во оваа сезона.

Како што започна искачувањето, пејзажот се трансформираше. Долниот дел на планината Шара со малку шумест дел, го заменаа отворени погледи кон карпести делови, пркосни на студот кој полека посегнува.

Небото само по себе, во овој октомвсрки ден беше чудо. Огромното пространство од најчистото сино небо се протегаше бескрајно, повремено прекинувано од облаци кои изгледаа фантастично. Овие облаци, бели со сиви нијанси, мрзеливо се оддалечуваа, фрлајќи минливи сенки над грубото лице на планината.

Искачувањето до врвот Плат не беше тежок подвиг. Патеката, во финишот може да кажеме дека го предизвика физичкиот напор на телото. Но, со секој искачен метар кон врвот, глетката ветуваше дека секој напор ќе вреди.

Стоејќи на врвот Плат, погледот на Шар Планина беше поинаков од нашите претходни искуства со неа. Сме ја виделе од Љуботен и Титов Врв, па и од Мал Турчин, но оттука е сензација која е тешко да се опише со зборови. Пространоста на пејзажот, далечните долини и соседните многу познати врвови стоеа како тивок доказ за величественоста на природата.

Спуштајќи се од Плат додека сонцето го започна своето заминување на Запад, хоризонтот се обои во нијанси на портокалова, розова и виолетова. Светот изгледаше помек, острите рабови на карпите заматени од самракот, а ретките дрвјата се појавуваа како темни силуети наспроти блескавото небо.

Шар Планина, со своите величествени врвови каков што е и Плат, не е само географско чудо, туку е и духовно патување. Тоа е потсетник на минливата природа на нашето постоење во споредба со вечната убавина на природата. И како што есента ја прегрнува Шара, таа станува евидентна – природата има свој начин да раскажува приказни, а сè што треба да направиме е да слушаме.

You may also like

Leave a Comment