Зборовите кои не се запишани, не можат да се читаат и умираат со луѓето.
Ако никој не ги запише, ќе потонат во ништожност.
Само времето е постаро од зборовите…
Вака некако би го започнале текстот посветен на едно село, во кое според пописот во 2002 година имало 10 жители, а денес има според кажувањата само 1. Ние не сретнавме ниту еден.
Какви зборови да запише тој еден жител и кои луѓе би ги читале?
Овде времето не е постаро од зборовите, овде времето запрело одамна.