Колку повеќе ја шеташ Македонија, толку повеќе се заљубуваш во нејзиниот раскош и скриени богатства. Сепак, и ние си имаме места фаворити на кои сакаме често да им се навраќаме. Го обожаваме цел мариовски регион, во последно период и Малешевијата, но посебно место во срцето кај нас има и Реканскиот крај. Започнувајќи од патот заобиколен со шуми и планини, па до величествените врвови кои сме ги искачиле, црквите и манастирите, луѓето кои ги среќаваме, но пред се’ селата кои опстоиле, на овој можеби по површина не многу голем, но премногу моќен дел од нашата држава.
Ова е текст за Тресонче, срцето на Мијачијата, иако гордите Мијаци од другите околни села, сигурно нема да се сложат со оваа констатација.