Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Битола - последната станица на возот - No Man's Land

Битола – последната станица на возот

Ја нарекуваа последната станица на возот.

Така било во некогашна Југославија кога Битола била поврзана со директен воз до Љубљана кој сообраќал со децении и претставувала најдолгата директна линија на некогашната југословенска железница. Освен таа линија, овој град на југот бил со интензивен железнички сообраќај на повеќе релации и многубројни возови дневно.

И денес Битола е последната станица на возот, но само на  ретките возови кои сообраќат ДО и ОД Битола.

А некогаш, не била последна станица, била поврзана со северните точки на Балканот и Европа, но и со Солун и Истанбул.

Факт кој мора да го признаеме е дека освојувачите ни изградиле повеќе пруги, отколку ние самите.

 

Но, да се вратиме на последните години, пред да постои една популарна фејсбук групата ‘Превоз Битола – Скопје и обратно’, всушност пред да постои фејсбук воопшто, немаше битолски студент, да студира во Скопје, а барем еднаш месечно не ја помине со воз оваа релација, преку Прилеп, Богомила и Велес, што претставува најживописно доживување со воз на нашата држава. 

Ова е текст за битолската железничка станица.

За среќа, реновирана неодамна и во најголем дел зачувана автентичноста од времето кога се градела.

А тоа е XIX век. Поточно во мај 1891 година започнала да се гради пругата Солун – Битола. Денес, на една избледнета табла, прикачена на станицата, ќе прочитате: „Железничката линија Солун – Битола, како делница од линијата кон Јадранското море, беше изградена на 19 Јули 1894 година“. Значи, после три години завршило градењето на пругата и била пуштена во употреба. Не знаеме точно која година била изградена зградата. Она што го знаеме дека на оваа железничка пристигнале со воз голем број значајни луѓе.

 

Еден од најстарите филмови направени во Македонија ја следи посетата на Султанот Мехмед V Решад во Битола, којa во тоа време билa познатa како Монастир. На една од неколкуте црно-бели снимки  направени од Милтон и Јанаки Манаки, може да се види  друштво од господа со фесови кои безгрижно стојат пред оваа иста железничка станица. Вратата се отвара и еден маж во темна униформа со фес на главата и сабја која му стои обесена настрана, го расчистува патот со своето присуство. Откако ја поздравува групата Султанот оди кон отворениот простор, отскокнувајќи Султанот веднаш се наоѓа опркужен од благородници на високи позиции. Ова се случува во 1911 година, кога султанот Мехмед V не бил ништо повеќе од обична кукла на воената хунта. Кога ќе се погледне наназад, оваа турнеја на  Султанот на Отоманската Империја било всушност последното движење низ Отоманскиот регион во Југоисточна Европа.

Многу конзули, амбасадори, генерали, везири, паши поминале преку оваа станица. 

Со воз во Битола пристигнал и Јосип Броз Тито, кој четири пати во својот живот го имаше посетено овој град. 

Во меѓувреме Битола не е важна алка во функционирањето на една од најмоќните светски империи во историјата. Има само три воза дневно, ако се точни информациите кои ги видовме на нет,

Но духот на минатото се’ уште постои. Оттука и железничката станица како локација за снимање на филмови, серии, фото сесии.

Затоа, кога следен пат планирате да  доаѓате во Битола, одлучете се за мала авантура и направете го тоа со воз. Ќе Ви биде поинакво искуство. 

You may also like

Leave a Comment