Убавината е горе 

Планините во западниот дел на Македонија, прво ќе ве остават без зборови, а потоа ќе ве претворат во прераскажувач низ зборови.

Ова е трета наша година, како ја истражуваме и како пишуваме за Македонија на еден наш личен начин. 

И во некои краеви, каква што е Западна Македонија сме често, особено во регионот околу Јабланица…

И додека мислевме дека имаме видено сѐ, не демантира една спонтана прошетка од селото Горна Белица без некоја одредена цел, пристигнавме до една локација за која прв пат слушнавме. Името ѝ е Парумба.

Парумба е точка, лоцирана на 1.857мнв.

Според Википедија тоа е планината Чума, според планинарите ова е Јабланица. Слободно искоментирајте ни што е точно од двете.

Но, фокусот е ова мало откритие за нас.

Парумба, во превод од Влашки значи гулабица. И ова е посебна точка за локалните жители, зошто тука од искони има извор на кој се припишуваат лековите својства. Затоа народот доаѓал низ минатото…и не престанува да доаѓа. Во таа чест изградена е мала црква посветена на Св. Тројца. 

До каде што ни достигнува погледот, се располал крајот на летото, а во воздухот веќе мирисаше на рана есен. Интерсен е мигот кога на планините преку мирисот на природата чувствувате дека доаѓа новото годишно време. Таму далеку побрзо од долу во населените места.

Тој пејзаж кој ве следи додека се искачувате до Парумба изгледа како некој да макнал четка во бела, сина и сите нијанси на зелена. Од стартот на патеката кај селото Горна Белица до Гулабица, годеше тишината која е залог секогаш дека тоа ќе биде искачување кое ќе не награди со духовен мир. Крајот на летото е секогаш мирно, нема ветрови, нема суви лисја под нозете, шум што ве потсетува на чекорите. 

По два часа искчаување, во еден широк засек помеѓу планините, на десната страна се исправи малата црква која ушушкано стои на косината од едната височина. Се белее како кора на некоја бреза која брои денови до големиот празник кога таа оживува со луѓето кои ја посетуваат. 

Остануваме кратко да уживаме во мирот и погледот оттука. Нема дрва на хоризонтот, само линии од планинските врвови кои како да брзат кон небото. 

Почнуваме да се симнуваме, чувството како некоја небесна река да жубори над нас зошто откривањето на овој за нас непознат пејзаж на Јабланица како да го насликал некој сликар само за нас, на платното на спомените.

Пристигнуваме до Горна Белица, која пак има свое архаично име….а тоа е Динабела, нешто што на влашки јазик значи “Убавината е горе”. 

Вистина е.

You may also like

Leave a Comment