Вранештица – последната оаза на грнчарство во Македонија

Грнчар е едно од најстарите човекови занимања, а грнчарството е помеѓу најстарите занаети што ги знае светот. И денес е значајно како живо културно наследство за еден народ.

Мајсторството во изработката на грнчаријата се пренесувало од колено на колено од праисторијата, па се до денес. 

Македонија, како земја крстосница помеѓу истокот и западот, со тло на кое се сочувани траги од најразлични култури, со овој древен занает е поврзана и одамна и интензивно. Почнувајќи од најстарите археолошки локалитети од времето на Неолитот, па се до денес. 

Кога ќе се спомене грнчарство во Македонија, науката тврди дека има повеќе школи: злетовска, велешка, ресенска и скопска…. но за нас, првата асоцијација денес е  селото Вранештица. Од примитивните начини за изработка, преку рачно колце до грнчарски печки, наследувани од прадедо, на дедо, до денешните генерации….во селото сѐ уште има семејства кои го негуваат овој занает.

Ова е село во чија околина има квалитетна грнчарска земја. Има наноси од убава земја-глина. 

Според некои податоци на Етнографскиот музеј, во селото има 12 грнчари кои живеат исклучиво од занаетот. Ние сретнваме само двајца, а и двајцата не живеат само од грнчарството, зошто е невозможно. 

Но, Вранештица е последната оаза на грнчарство во Македонија. И тоа навистина треба да се заштити.


Да, овие луѓе во Вранештица се живи човечки ризници. Тие се носители на традициски знаења и искуство. Тоа се луѓе кои имаат и вештини и умеат да ја зачуваат традицијата. Тоа го прават и со својата рачна работа, но и спознајно….од сеќавањата на она што го учеле од своите предци низ животот.

Погледот на нашето керамичко наследство е емотивен. Открива разновидност на локалните форми и техники.
Керамиката во овој крај е масивна и тешка.

Диши со монументалност.

Поинаква е од другите грнчарски школи за кои има нешто малку пишувано во стручна литература.

Прошетката низ селото беше пријатна, луѓето срдечни…тагуваат за некои минати времиња кога селото живеело со многу луѓе. Прекрасни, но руинирани куќи не дочекаа во различни маала од селото. Со монументална архитектура на македонската традиционална куќа. Има и реновирани куќи на кои се гледа само духот на новото време. 


Заминуваме од Врнаештица. Купивме садови за спомен, направени од цврста машка рака, а исцртани од нежна женска рака. 

Размислуваме,,,,,На какво тло живееме? Колку историја е наталожена само ако се гледа низ призмата на древното грнчарство. Од куќата во Породин како неолитска населба, преку амфори направени од глина од римски времиња кои сѐ уште лежат закопани и неоткриени по старите лозја, до оние пронајдени во локалитетите кои денес се чуваат по некои музеи, а во исто време и земја на стомни и бардаци.

Посетете ја Вранештица-село на живи човечки ризници кои ја сочинуваат последна оаза на грнчарството во Македонија. 
Им треба поддршка…

You may also like

Leave a Comment