Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Гробница на кралевите - No Man's Land

Гробница на кралевите

„….Синот на Пелагона, што широкостројниот Аксиј г’еднаш с’ Перибоја родил, најстарата ќерка од оној Акесамен, зар Токот ја обљубил длабок и вирест.“

Во Хомеровата Илијада, песна XVI

Ако патот Ве донесе во прилепскиот дел на Мариово, помеѓу селото Бонче и Подмол, ќе бидете сведоци на средба со остатоците на Пелагонското кралство.


Тука е сместена една монументална градба, со големи и добро обработени камени монолити.
Ова е гробница. А археолозите потврдија дека има “хероон”, што е сигурен знак дека станува збор за кралска гробница. 

Затоа, ако ние се прашаме, кога се приближуваме до оваа навистина импозантна градба, може комотно  да се стави знак на кој ќе пишува:

“Добредојдовте во светот на древните цивилизации, во светот на нашите предци, повеќето непознати….творци на делата на кои се восхитувале некои древни генерации.”

Но, тоа се наши желби. А во реалноста, ова место не е обележано никако.


Кога тука дојдовме, тоа беше еден златен ден. Златен ден со сите нијанси кои може да ги има тој племенит метал. Од бело до црвено.

Чекориме по патеката која не е видно обележена, следиме некои траги од теренско возило кое тука поминало пред некој ден, како што ни кажаа жителите на Бонче. 

Не треба да ги затворите очите за да замислите сцени од тоа време. Самиот поглед кон врвот Висока кој како ориентир не следи додека одиме до целта, само потсетува дека овде некогаш се случувал живот. На Висока, уште пред две години лично се уверивме во градбата која е останата од времето на Пелагониското кралство. Таа градба и оваа градба се поврзани.

Пределот низ кој пешачиме скоро еден час зборува дека овде живееле и ловци и земјоделци. А откако ќе ја видите гробницата, знаете дека тука живееле и занаетчии и трговци, но и свет на висока цивилизација која имала свои достигнувања.

Со својот памет и со своите раце создавале градби кои сведочат и денес за нивната интелектиуална споспобност и талент да бидат градители.  И после толку многу векови, таквите градби опстанале до денес. Како и оваа гробница која е дело кое пркоси на времето повеќе илјади години. 


Со својата монументалност, специфичната форма и архитектонската конструкција гробницата одамна го привлекла вниманието на разни истражувачи, авантуристи и трагачи по археолошко и друг вид богатство, но нејзиниот вистински археолошки инаучен третман изостанува, такаречи, до денес. Токму поради тоа, голем број елементи од оваа градба немаат соодветно и поцелосно објаснување.

Размислуваме за таа цивилзација. за нивниот ум и фантазии кои создавале претстави за бројни богови и божици.

Цртежи , и по некое вајарско дело не не оставаат равнодушпни ни денес во овој крај. 

Ова е време кога треба да се навратиме на старите цивилизации кои оделе по ова тло и да ги споредиме материјалните, културните и духовните вредности од тоа делечно древно минато со ова во нашето време.

Тие не комуницирале преку Интернет како нас, а како “патувале” до далечните ѕвезди…кој би знаел?!?

Се враќаме на почетните стихови на Хомер.

Зошто?

Корените на овој етнички елемент се среќаваат уште во најстариот пишан документ на Балканот, а тоа е Илијадата каде, меѓу другото, се споменува и името на епонимниот херој на Пелгонците, Пелегон (Пелагон), кој му бил татко на еден од јунаците од Тројанската војна Астеропај, водач на Пајонците, племе кое, исто така, потекнува од територијата на Македонија, (долното течение на Вардар, која во тоа време се вика Аксиј) кој загинал во дуел со најпознатиот јунак меѓу Ахајците, Ахил.

Всушност, Пајонците и Пелагонците живееле на територии кои граничеле меѓу себе, а постојат мислења дека и Пелагонците се пајонско племе, односно, дека се работи за племиња со заеднички корен. Всушност, ако се има предвид запишаното кај Хомер, Пелагонците се постаро племе, а од нив потекло водат Пајонците чии водач Астеропај е потомок на Пелагон, епонимниот јунак, односно, легендарниот крал на Пелагонците, Пелагон. Тоа укажува на старо пелагонско кралство и стар пелагонска култура, чии траги денес ги среќаваме на територијата на денешната рамница Пелагонија, на просторот на ридестата област Мариово, како и на областите кои граничат со нив.

/ овие објаснувања ги најдовме во документи објавени на порталот www.pelagon.mk/

Останува жедта кон трагање по интересни места кои како слоеви ни се откриваат низ Македонија. Сокриени под покрив на минатото, заборавени од сегашноста…а вредни за иднината. Одисеја…

You may also like

Leave a Comment