Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Мариово на точак - No Man's Land

Мариово на точак

Сме го возеле со автомобил повеќе од 10 пати, сме искачиле пешки 2 негови врва, сега дојде време да го извозиме на точак за 1 пат, но сигурно не и последен, нашето омилено Мариово.
Ве водиме на  еден микропростор од него, во кој главно има земјени патишта, до селото Бешиште.

 

Мариово, никогаш не е “утешна награда” ако немате идеја каде да најдете мир или можност за “вистинска планина”, а сакате авантура.
Во прашање е еден исклучителен предел сам по себе, по атрактивност и необичност, навистина без конкуренција во блиското му опкружување на поширокиот регион.
Во исто време, Мариово е наш личен фаворит, во категоријата “Каде, како да си на друга планета со вратено време од неколку века, а не си”.
Ова е идеална дестинација за љубители на возење со точак.
По асфалтниот пат кој води до срцето на областа, едвај ќе пресретнете некое возило.
Мир, тишина и прекрасни предели.
Пределот нема големи нагорнини, па затоа нема ни алпски панорами.
Запрепастувачки пуст е и без богатство од вода.
Но, има воодушевувачка убавина во таа пустош, во рана пролет делумно прекриена со мини ливади, пејзаж кој потсетува повремено на степа, повремено на долина и простор кој само замислувате дека некогаш вриел од живот.
Сега селата низ кои минувате се едноставно скоро празни.
Кога ќе дојдете тука, сé е некако едноставно.
Наоѓате згоден паркинг за автомобилот, ги вадите точаците и авантурата започнува.
Сите предели за возење спаѓаат во лесни и средно лесни. Кон Кајмакчалан имате друг тип на патеки, но за нив во некоја следна прилика.
Се движите главно по земјени патеки, откако ќе го напуштите асфалтот, без остри засеци.
Бешиште беше нашатa цел, овој пат.
Село кое во златниот 19 век, кога Мариово било живо, припаѓало на Прилепската каза, во Мариовската нахија, на Османлиската империја.
Распослано е во подножјето на планината Козјак, што значи е планинско село на 900мнв.
Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името доаѓа од првоначалниот патроним Бешишти, кој потекнува од сопственото име Бешо, нагалено од Беро, кој одговара на српските и хрватските топоними Бешичи.

Во „Етнографијата на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е приложена статистиката на машкото население од 1873 година, Бешиште  е посочено како село со 137 домаќинства и 548 жители.

Според статистиката на Васил К‘нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Бешиште има 1047 жители.

Во почетокот на 20 век, населението во селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бешиште имало 1280 жители.

Според Георги Трајчев, Бешиште имало 170 куќи со 1047 жители.

Во 1961 година, селото броело 1171 жител, додека во 1994 година бројот се намалил само на 93 жители.

Според пописот од 2002 година, селото броело само 22 жители.

[овие податоци ги најдовме на порталот oldprilep.com ]

Ние сретнавме 4 жители, два пара во нивните доцни 70-ти години.

Се враќаме назад, возењето точаци е уживање во овој скриен рај на југот.

Огромна територија, скоро една петтина од целата територија на Македонија.

Перфектно прибежиште за оние кои што сакаат мир.

Ако сé уште не сте биле, на потег сте да го откриете.

 

 

You may also like

Leave a Comment