Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the soledad domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
Мермерни утопии на едно езеро - No Man's Land

Мермерни утопии на едно езеро

Не е грев да признаеме дека до неодмна не знаевме дека постои Прилепско Езеро.  Додека не видовме една прекрасна есенска фотографија, направена на таа локација. 

Секогаш асоцијацијата за тој крај и езерска површина ни била поврзана со Мермерното Езеро на Плетвар. Но, ова е сосем друго езерце. 

Лоцирано во месноста Гладно Поле. Изградено кон крајот на 60-тите од минатиот век со цел да послужи за наводнување во овој сув дел на Пелагонија. 

Еден врнежлив и сив есенски ден го посветивме нему. 




Езерото веројатно има друг изглед во лето, а друг во зима. Нас овој зимски пејазаж ни се допадна. 

Една бескрајна тишина, ниски разиграни облаци, сув студ и сребрена водена површина. 

Решивме да го завртиме пешки. Долго е 1,4км а широко зависи од водостојот од 400 до 600м. Најголемата длабочина е 28м.

Под езерото, слично како и кај Глобочица каде ја раскажавме сторијата за селото кое што не постои, а постои, потопено е селото Пештерица. 

Кога се упативме кон возилото, по кратката прошетка, слушнавме звуци на минирање, претпостаививме дека во близина е уште едно од местата каде што се екслоатира светски познатиот сивец мермер од овој крај. Решивме да го видиме рудникот одблиску.

На пат кон него, од десната стрна не дочека стар напуштен мотел со карактеристична архитектура која се создавала во истиот период кога е создадено и езерото.

Застанавме да фотографираме. 

Отспротива, внимание ни привлекоа неколку скулптури направени од мермер. Расфрлани и покриени со вегетација.

Деновиве низ медиумите се популаризира сторијата за Јапонецот кој зборуваше македонски, со прилепски акцент, за возљубениот скулптор на балканската историја. Прекрасно прераскажана сторија за скулпторот кој четири години рачно во Мермерниот комбинат без да употеребува никакви машини, ја реализирапе неговата скулптура со наслов Vita Nuova- Нов живот. 

Дошол тука во Прилеп, зошто дознал дека најбелиот мермер на светот е токму кај нас.

Расфрлените скулптури, во овој скоро напуштен простор се како музјеска утопија под отворено небо. 

Штета, локацијата има убав потенцијал. 

А мермерот, светска слава за која некогаш не сме ни свесни. 

You may also like

Leave a Comment