Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Напуштениот споменик на Преспа и неговата приказна - No Man's Land

Напуштениот споменик на Преспа и неговата приказна


Во 60-тите и 70-тите години на минатиот век на тлото на тогашната држава Југославија се направиле илјадници споменици, кој секој на свој начин обележува некои настани од војната или ослободувањето. Монументалните споменици се градени како апстрактна пластика, за денес тие исти споменици, како и нивната симболика, да бидат занемарени, а некаде и несакани. 

Белгискиот фотограф Јан Кемпенаерс допатува пред некоја година на Балканот, ги фотографираше повеќето од нив и ги објави во една книга со едностваен наслов “Споменик”.

Тој ја истражуваше убавината и мистеријата на овие изолирани споменици и можноста тие да функционираат како скулптури.

Денес Ве водиме во Отешево.
На местото на кое што според кажувањата на историчарите во 1943-тата се одржал состанокот кој имал решавачко влијание за организирањето на АСНОМ и создавањето на македонската национална држава.

Изграден е во 1973 година, а автор е еден од најпознатите македонски скулптори, Јордан Грабулоски. 

Преспа очигледно има историско значење за Македонија од времето на АСНОМ, но споменикот тоне во заборав. 

Висок е 5 метри, а шумата скоро го има проголтано ова историско обележје. Од патот Отешево – Стење тешко се гледа, а нема никакво обележување на самиот пристап дека тука се наоѓа некаков споменик.

Приодот е обрастен во вегетација, скалите кои водат до него, не се санирани многу години. Постои спомен плоча на која едвај се чита текстот, мозаичната површина е скоро целосно оштетена, а бетонот кој некогаш бил обоен во бело сега е потемнет. 

Ја листаме историјата која ја наоѓаме на нет поврзана со ова историско место.

Таму пишува следно:

“Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија (ЦК на КПМ) од 2 до 4 август 1943 донесол клучни одлуки со кои се создале политичко-правни претпоставки за свикување на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ. Донесени биле одлуките за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организационо зајакнување и проширување на организациите на КПМ и Сојузот на комунистичката младина (СКОЈ), и за усвојување платформа на Народноослободителната војска (НОВ) на Македонија. На советувањето учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски – Питу, Цветко Узуновски – Абас, Страхил Гигов – Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ – Орце, подоцна се приклучил и Светозар Вукмановиќ – Темпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на Врховниот штаб на НОВ и Партизанските одреди на Југославија во Македонија.”

Преспа, и тогаш, па и денес очигледно носи терет на историски одлуки. 

Некои ги откриваме преку спомениците, некои веројатно ќе ги дискутиураат некои идни генерации, што и како предизвикале…а овој споменик треба да знаеме дека се создал на место каде некои наши предци на тој “Преспански состанок” одлучувале за историјата на македонскиот народ и има исклучително позитивно значење, оти потикнувачки влијаеше врз развојот на вооружената антиокупаторска борба, имаше решавачко влијание за организирањето на АСНОМ и, во крајна линија, имаше пресудно значење за создавањето на македонската национална држава.

Мапата на споменици низ Македонија е голема, а наследството од Југославија комплексно, веројатно каква што беше и самата таа држава. 

Да….ваквите градби се резултат на идеологија, но исто така се фокус на интерес на фотографи, кустоси по водечки музеи (пред две години во МоМа имаше голема изложба со наслов “Кон бетонската утопија”) и време е таа wow-фаза, заради која овие споменици настанале, се преиначи во вистинско историско и општествено созанине и размисли за тој југословенски социјализам и модернизам и да се продолжи таа битка за контекстуализирано, втемелено и критичко вреднување на ова наследство.

Се навраќаме на авторот, големиот Јордан Грабулоски, кој е автор на монументални скулптури и споменици, вклучувајќи го “Македониумот”….И овде во Отешево додека стоиме пред овој споменик, ја имаме таа претстава дека спомениците на Грабул поставени во функционалниот простор прават една целина, која ги потврдува уметничките пораки за траен пиетет кон минатото и за трајна вљубеност во убавото — како оптимистичка убеденост дека во светот во кој живееме не сме ни од вчера, а ни сами. 

Време е спомениците да ги гледаме како скулптури.

You may also like

Leave a Comment