Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Островот на кој царуваат животните - No Man's Land

Островот на кој царуваат животните

„Што ни вреди што сме храбри на меч
Кога не знаеме ваков да делкаме камен
Каменот не можеш да го изместиш
Од неговото човечки засечено лежиште“

Еден мал сегмент од поезијата на величенствениот Богомил Ѓузел, прави ехо во главата кога чамецот со пента го сечи мирното езеро на пат кон островот Голем Град.

Каква мистичност носи најголемиот остров кој го има Македонија?

Најголем е, но не е единствен како што пишуваат некаде. Наводно Македонија има десет острови по реки и по некои вештачки езера.

 

 

Кога за прв пат ќе се соочите со Голем град, добивате впечаток дека сте статисти на некој филм, филм за еден остров на кој царуваат животните. Тоа е веројатно првото место каде евидентно гледате дека човекот го напуштил овој простор, кој животните го завлдеале создавајќи свој совршен хабитат.

Ова е необично место, оддалечено и од старите и од модерните комуникации, место кое што покажува една друга хронологија на престојувањето на луѓето во овој регион, започнувајќи од почетокот на првите илјада година пред Христа, до средниот век.

 

Малку факти:

Островот е со големина од 20 хектари, тој е всушност една голема карпа која се издигнува на 30 метри од површината на Преспанското Езеро, а се наоѓа на државната граница помеѓу трите земји Македонија, Албанија и Грција.

Најстарите артефакти од керамичко и камено оружје, укажуваат на присуство на неолитиката. Во доцното бронзено и железно доба присуството на островот е интензивна, најверојатно заради риболовот. Во раната античка епоха, некаде од  IV sвек пред Христа, живот тука имало континуирано.

Има остатоци од мало село, кое припаѓало на македонското племе Орести.

Голем град бил привлечен и во римското време, а и подоцна во средниот век за што потврдуваат два слоја на гробишта откриени како што е откриена и црквата Св. Петар и Павле.

Истражувањата покажале дека постоеле 7 цркви, кои само зборуваат колку островот бил густо населен.

Ова е и остров на змиите.  Во карпите до водата живее змијата белоушка, која не е отровна. Во горниот дел од островот може да се сретне отровната змија поскок.

Откриени се 160 видови папрати и семени растенија на 180 родови и 41 фамилија во водите на езерото и околу него.

Тука царуваат и желките, а птиците даваат посебен амбиент на островот. Корморани, пеликани…..илјадници птици од различни видови, се и визуелен и звучен амбиент кој нема да го заборавите и по заминувањето.

 

Бесценото уживање:

Да се остане на кратко во овој необичен мир е драгоцено.

Сами сте, опкружени со илјадници птици.

Пливате во езерото каде водата воопшто не наликува на онаа од истото езеро на другиот брег.

Пред Вас е венецот на Галичица, позади вас е Баба.

Се посетувате на една посета на грчката страна на Преспа и на пештерските цркви таму и се прашувате што ве спречило прво да дојдете “дома”….

 

Денот полека заминува, уживаме во залезот.

Време е за назад. На чамецот си ја местиме нашата вечера, додека  се враќаме назад и го гледаме последното руменило на небото од залезот.

Пред нас е Коњско, точката од каде што тргнавме по воден пат.

 

Какви зборови да кажеш после оваа посебна убавина.

Богомил Ѓузел, си го рецитирате за крај….

„Оттогаш остана претчувството
дури и ако не го обноват,
еден ваков полуразурнат град од камен
ќе трае повеќе од цел еден осилав народ.“

(„Варварите во Делос“)

 

 

 

 

 

You may also like

Leave a Comment