Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Требениште - некогаш дом на златните маски, денес на желките - No Man's Land

Требениште – некогаш дом на златните маски, денес на желките

Најголемите археолошки откритија доаѓале случајно.
27 векови биле потребни за блиски средби со древната историја.
Кај ова охридско село, откриени се скапоцени траги на една исклучително богата култура.
Требениште, важна точка на некогашен Лихнидос.
По откривањето, мистериозна историска загатка.

 

Тука беше сокриена приказна која беше под земја со векови, а откриена пред нешто повеќе од 100 години. Во 1918-тата, откриена е оваа историска и културна загатка која отвори големи дискусии помеѓу три земји, кои буквално и после 100 години немаа начин како да ја состават.

Тргнавме кон Требениште во еден саботен ден со амбиција дека ќе видиме нешто што крена толку прашина и пред 100 години, а и пред 2 кога се славеа тие 100 години од откритието на Требенишката метропола. Читавме различни информации за археолошкиот локалитет кој останува и денес мистерија. 
Средбата беше обична.
Да не речеме, разочарувачка.
Денес таму има само питома природа и едвај видливи остатоци од нешто, што некогаш било многу важно. 
Сретнавме неколку жители на селото, кои буквално ни се насмевнаа кога им кажавме дека одиме да видиме што останало.
Рекоа, што ќе видите, тоа што вредеше е земено, а денес нема ништо. 
 
На интернет има бројни научни студии, главно од археолози од Србија и Бугарија и по некој наш, кои со децении пишувале за овој локалитет, како еден од најзначајните на Балканот. 
Научниот свет, локалитетот го сместува во архајско, железно и македонско-хеленистичко време од VII – IV век. п.н.е.
Познат по првата златна маска, по која следеа уште четири…локалитет кој останува мистерија, предизвикувајќи многу генерации археолози да ја откријат приказната за непознатата аристократија што живеела крај брегот на Охридското Езеро во текот на 6 век п.н.е.
Во 1918, тука се пронајдени 825 предмети од метал, стакло, керамика и ќилибар. Зборуваме за една високоразвиена култура, доволно моќна да стави неизбришлива трага во времето. 
 
7 км пешки до некрополата беа убава прошетка, убава природа и средба со отприлика 12 желки.
Горе на ридот, само замислувате слики од она што сте го читале.
А како излгедаат тие слики за таа древна цивилизација закопана во 56 гробници….веројатно може да биде индивидуална фантазија на секој кој е баф на археологијата, па и мистериите.
 
 
 
 
 
 

You may also like

Leave a Comment