Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Welcome to the Hotel Europa - No Man's Land

Welcome to the Hotel Europa

Ве носиме на грбот на еден паднат див, граден во ерата на социјализмот, лоциран на преспанскиот брег.
Tоа е хотелот Европа во Отешево.

Која е логиката на некои градби?
Веројатно позадината на нивното траење.
На ова тло се менувале епохи, кои го формирале општествениот и културниот пејзаж…од неолитот, преку античкото и римско царство, средновековие и отомански период подоцна, па предвоени и пост воени ропства, до историјата на социјализмот и уште една рецентна епоха на долго, готово бескрајно траење-период на т.н. транзиција.
Многу градби останале, некои се уништиле. Помеѓу двете последни споменети епохи, загалавил и овој хотел.

За некои руина на едно време, за други начин да се дооуништи она што не може да се поседува.

Градбата делува монструозно. И привлекува љубопитни очи, најчесто на странци патувачи низ овој крај.

“Abandoned Hotel” изгуглајте со додавка на Преспа и ќе видите во колку патеписи се нашол.

Ова не е заборавено место, ниту е локација која чека нов менаџмент, не е ни на некоја листа за рушење, или пак на листа за заштита…едноствано е тука, комплетно напуштен. Во него можете да влезете слободно, нема никој кој ќе ве запре или праша која е вашата цел.

Сé што било вредно и можело да се демонтира го нема. Шетате по спратови, имате поглед кон езерото од кое ви се одзема здивот, а околу вас руина. Влегувате од соба во соба, нема ни прозорци ни врати, собите се како балкони.
Изгледа, како филмска сцена….како навраќање на хотелот од филмот The Shining, само што овој хотел бил и напуштен и демолиран.

Ова е хотел кој се викал Европа. Можеби визионерски звучело името тогаш, но денес…?

Граден е во еден за многумина фасцинантен архитектонски стил на социјалистичка брутална архитектура, како релквија од една мината ера.
И не е единствен хотел, вдолж географски некогашната Југославија ги има многу вакви хотели, кои потсетуваат на детство, на спокој, на безгрижност, на големи сали, високи тавани и на слобода.
Денес многу од тие хотели се преуредени, најчесто во ентериер и соголени од емоции. Однадвор, со своите импозантни структури, кои современите архитекти, не се осудувале да ги гибаат, тие и понатаму имаат моќ на секунда да вратат некои генерации назад, да замирисаат на лето или на испрскена со вода трева, а не на модерен освежувач на просторот.

Гогледаме Хотел Европа како пропаѓа и се прашуваме зошто упорно бегаме од симболите кои вакви објекти ги носат?

Иако можеби не се согласуваме со некоја политика, која позади нив стоела, да ги гледаме како објекти на едно архитектонско време.
Може да биде туристичка точка, може да биде и музеј на негрижа, може да биде бетонска утопија….нешто што се градело во монументален правец, а денес сонуваме  во блискоисточна верзија на футуризам или во реализам на некои споменици.
Европа…?

You may also like

Leave a Comment