Најживописната рута во Македонија

Ако сте го гледале Goldfinger, сигурно се сеќавате на сцената во која Џемс Бонд го вози својот Астон Мартин во негов манир низ еден живописен планински превој во Швајцарија. Е па и Македонија, има своја Furka Pass, како што е името на оваа позната филмска локација совршена за епско возење, која и денес привлекува луѓе од целиот свет кои доаѓаат само со една цел, да возат и да го искусат патот на свој начин.

Светскиот бизнис-магазин „Форбс“ во 2008 година ја избра Македонија  меѓу најатрактивните дестинации за возење во Европа. Рутата од Преспа до Охрид преку Галичица е препорачана како една од 20-те  најдобри дестинации. Станува збор за P504  во должина од 27.2км.

Својата топ-листа за пејзажни возења магазинот ја прави по мислење на експерти кои предлагаат свои фаворити. Македонската рута е предложена од Кристофер Делисо, патеписец за Lonely Planet.

Според написот на „Форбс“,  Делисо препорачува „патување од Преспа до Охридското Езеро, меѓу тесни, главно ветровити патишта, што ве водат низ јаболкници и резервати на птици околу Преспанското Езеро, и потоа нагоре кон планината Галичица од каде се спуштате кон Охридското Езеро.”

Делисо, препорачува стоп на видиковецот, малку пешачење до точката од каде се гледаат двете езера.

Денес, Ве водиме преку фотографии на оваа епска рута која ја извозивме специјално за вас.

 

 

По дефиниција, возењето е привилегија.

Таа, која ве одржува во живот…во живот вреден за живеење.

Да се биде зад воланот е во исто време и релаксирачко, но и моќно чувство.

А благите ограничувања на брзината, а и малото искусување да се надмине дозволената, со додавка на прекрасни пејзажи се волшебна храна за душата.

Тргнавме од 700мнв на Охридското Езеро, се искачивме на 1.66омнв на превојот на Галичица од кој има спектакуларен поглед кон неколку нејзини врвови, за да се спуштиме на страната на Преспа на 830мнв.

Патот е широк само 5 метри, на него често има одрони, а во зима знае да биде и затворен, затоа што не се чисти од снег.

Имавме промена на неколку годишни времиња во возењето на еден од најживописните патишта во Европа, според магазинот Форбс. А не трае подолго од 30 минути.

Топло Ви препорачуваме вакво искуство.

Ние уживавме со нашиот драг пријател на 4 тркала и со одлична музика која е суштински сегмент од секое наше патување.

 

 

 

 

 

 

You may also like

Leave a Comment