Сте слушнале ли за врвот Панделе?Еве ние не.. како да е божем најголемата чувана мариовска тајна. Никаде знак за него, малку податоци на нет, па дури и полиција да те застане на патот кон селата во неговото подножје, да те легитимира и запишпе и да проверува во багажникот. Беше чудно, но подоцна претпоставивме и зошто… Полицајците се насмеаа двосмислено кога им рековме дека сме планинари кои сакаат да го освојат врвот Панделе.
Љубица Ангелковa
Мариово мора да е донесено од некоја друга планета, друг свет, па сме го добиле ние земјаните за да можеме да осетиме барем нешто, од тие другите што имаат таму. Па сега себично си го чуваме. За некои сега жално и запуштено од она што било порано, но за нас, се’ уште автентично, недопрено, со мистична убавина. И можеби такво треба да остане.
Штавица е првото село на кое наидувате во прилепскиот дел од Мариово. На само 18 километри од Прилеп, со чувство како да се наоѓате на друг континент. Влеговме во селото, денот беше сончев, но не премногу топол, идеален за една опуштена прошетка. На надморска висина од околу 800 метри, опколено со Селечка планина, со расфрлени куќарки овде и онде. Движејќи се низ селото повремено ќе се поздравевме со по некој од преостанатите жители, кои одлучиле тука да го поминат остатокот од својот живот. После муабетот со неколкуте жители на кои наидовме, се упативме кон еден рид, на кој се наоѓаше само едно дрво и завршуваше со карпа. Дрвата се тука ретки, ама па посебно убави. Или таков впечаток оставаат во севкупниот амбиент.
30 Март, 2018
Минувајќи низ пределите на демирхисарскиот крај, еден долг венец на планини го привлекува вниманието. Без изразени остри врвови, но со мистика обоени две планини, особено при изгрејсонце и залез…едната е Илинска, за која пишувавме, а втората е Плакенска и заедно прават венец долг 40 километри. Во раскажувања на локалните жители откривме уште едно име за Плакенска Планина, а тоа е Модра Планина, па оттука и насловот на оваа наша сторија.
30 Септември, 2018
Ќе имаш шанса да го пропатуваш скоро половина свет, ќе се напоиш од разлики и контрасти кои ти го брануваат умот….но, кога сопствената татковина после талкања низ светот ќе дојде ред да ја откриеш, осознаваш дека прво остануваш без зборови, разочаран од себеси што си ја изневерил таа убавина, давајќи му предност на светот, а потоа таа немост ќе те пртетвори во добар раскажувач. Ете такви се нашите откривања на Македонија.
Ве водиме на една прошетка направена во 2018 година во последниот септемвриски ден во Мијачкиот крај, каде што времето запира, а природата зборува…
Се’ до тој 06.02.2018, името Плетвар ми асоцираше на превој кој мора да се помине на патот Прилеп – Велес или обратно, при секое патување. И секогаш на тој пат ви боди очи еден знак каде е напишана највисоката точка од 998 мнв. И останува во меморија, баш дека не е илјада. Е сега, знаев дека има и село со тоа име, ама никогаш не ве води патот за да го посетите, освен ако нема некој застој во сообраќајот, па да мора да ве пренасочат преку селото, што се случува многу ретко.