Грнчар е едно од најстарите човекови занимања, а грнчарството е помеѓу најстарите занаети што ги знае светот. И денес е значајно како живо културно наследство за еден народ.
Мајсторството во изработката на грнчаријата се пренесувало од колено на колено од праисторијата, па се до денес.
Македонија, како земја крстосница помеѓу истокот и западот, со тло на кое се сочувани траги од најразлични култури, со овој древен занает е поврзана и одамна и интензивно. Почнувајќи од најстарите археолошки локалитети од времето на Неолитот, па се до денес.