И повторно се враќаме во нашето омилено Мариово.
Тоа е исто како одење во омилениот ресторан. Колку и да сакаш да промениш нешто, на крај сепак доаѓаш тука, зошто создаваат гурманлоци по твој вкус. А нив не можеш и не сакаш да ги пробаш наеднаш. Сакаш да ги густираш еден по еден. Си оставаш по нешто за некој друг ден, за некој викенд или за специјален повод.
Така и со Мариово.
Не се искусува наеднаш. Поинаку е во есен, поинаку во пролет и лето. Различно е ако допатуваш со кола или на точак.
Еден карактер си има прилепскиот дел, друг тиквешкиот, а трет битолскиот.
Епа дојде редот за овој третиот.
И така тргнавме.