Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Езерска бајка во снег - No Man's Land

Езерска бајка во снег

Ако случајно сте оделе кон Преспа од страната на Битола, сигурно сте забележале едно езеро.

Луѓето од околината добро знаат дека тоа е Стрежевското Езеро.
А другите, можеби не знаат точно име на езерото, но се вохитуваат на глетката.

По овој патен правец низ нашите откривања на Македонија сме поминале многу пати, сме имале привилегија да го видиме езерото полно, на врв на полавен бран, а и мочваресто, односно пресушено. 

Но, никогаш поубаво не ни било од еден зимски ден, во совршено белило кога сме решиле да одиме најблиску до него, а не само да го поминеме возејќи од далеку. 

Тој јануарски ден, го затекнавме езерото на истото место. Остра зима, но перфектен сончев ден. 

Дождовите поминаа, снегот стапи на сцена. Стигнавме во пладневните часови. Денот ветуваше убава прошетка. 

Природата е сé уште во длабок минус тука, ретките дрва и меѓите се украсени со мраз и снег, а синото небо е над нас. 

Амбиент, каков што секој љубител на зима ќе посака. 

Возилото го паркиравме на регионалниот пат, решавме да одиме пешки скоро 10 км до езерото. Одиме по стар селски пат. Забележуваме траги од животни. 

Ги поминавме селата Рамне и Лера. Има ред со тополи кои би делувале како зона од Сталкер на Тарковски, ако не е толку сончев и блескав овој ден.  Зимските призори на Стрежевското Езеро се импресивни. 

Фотографиите остануваат убав спомен. 

Со ниското предвечерно зимско сонце го заокруживме тој прекрасен јануарски ден. 

Малку статистика:

Македонија има регистрирано 110 вештачки езера. 

Стрежевското е едно од поголемите. 

Долго е 6,5км, широко 1 км, зафаќа површина од 7,5км2 и се наоѓа на надморска височина од 739м.

You may also like

Leave a Comment