2.1K
Зошто езерото Локув е изгубениот рај?
Затоа што е најниското глацијално езеро во Македонија на 1.568мнв.
Затоа што е сместено во прегратките на прекрасната Дешат Планина.
Затоа што локалното население го чува како најголемо богатство.
Затоа што за да стигнете до него треба да пропешачите 8км низ планината.
Затоа што има маркирана патека, прекриена со убава шума која ние ја фотографиравме во есен и изгледа волшебно, но сме биле и во лето ….и тогаш е поинаку волшебно.
Затоа што додека се искачувате кон езерото од селото Битуше има прекрасни видиковци од кои се гледа и кањонот на реката Радика и целиот пејзаж на овој единствен крај.
Затоа што во него живеат неколку интересни форми на живот од кои најпознат е Тритонот, водоземец кој наликува на риба и жаба.
Затоа што во близина на езерото е лоцирано и едно бачило во кое може да се проба тазе сирење попознато како Требишко сирење, и други млечни производи од ова поднебје.
Затоа што ако одлучите можете да поминете еден цел ден и да откриете што значи да бидете на планинска плажа.
Затоа што природата тука подарила и лековити билки, па попатно можете да си соберете чаеви.
Затоа што при последните биолошки истражувања на водата и околината на езерото, од страна на италијанските експерти се пронајдени повеќе специфични водови на растенија и инсекти што го прават овој локалитет посебно значаен.
Дали сакате уште причини, заради кои треба да го постете езерото Локув?