Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Пикник на 2.000 м.н.в. - No Man's Land

Пикник на 2.000 м.н.в.

Низ двете години на трагања по Македонија, научивме дека ни ветер, ни облаци, ни дожд може да ни биде изговор за нашите викенд бегства…зошто одењето на планина и воопшто во природа е барање и ново откривање на себеси, да дишеме и издишуваме додека го смируваме умот и додека телото не го измориме од стопувањето со животот околу нас и во нас. 

Викендите се наши денови, денови за уживање. 

Времето сметате дека тече бавно, зошто нема пресинг, но нам часовите поминати во природа ни минуваат како миг. Таков беше и овој викенд, во кој бегството од градската врева и враќањето кон себеси, кон природата…. ги бистри мислите, а новите пространства ги одмараат очите.

Ве водиме на пикник на 2.000 м.н.в. на локација каде се наоѓа едно ледничко езеро кое меѓу најдлабоките глацијални бисери располани по нашите планини. 

Се разбуди денот, светол и сончев, со најдобри намери во кои сметаме и на можни облаци на кои секогаш се радуваме. Есен е … време кога се соочуваме со некој свет во кој резимираме што можевме, а што не, во годината која отчукува.

Драгоцен некој ден…ден во кој ако небото ви прати сонце, го сметате за дар. 

Ден  за Подгоречко Езеро.

Најголемото ледничко езеро на убавицата Јабланица.

Воздухот е остар, природата најавува одмор после долгото лето. Време на поинаква нежност кога гледате како зелените бои умреле. Нѐ радува есента, а призорите кои ни ги подготви Јабланица на патот кон езерото, беа нестварно величенствени.

Кој бил во Чиле и Атакама ќе каже, ова е некоја минијатурна верзија тука на Балканот, а кој бил Исланд ќе каже, пејзажите се скоро исти. 

А ние сме дома.

И кога зборуваме за дома, ја имаме комоцијата да подготвиме домашни сендвичи од свежи и омилени состојки, да си ја пронајдеме низ полиците пикник корпа во таа препознатлива цревна боја, да ставиме во неа и некоја лименка со Скопско смут пиво, да си го пронајдеме кебенцето кое оставено чека во багажникот на автомобилот, да биде распослано на некоја ледина…и да уживаме во есенски пикник во пејзаж кој плени на многу начини.

Во таа бришана празнина, која не е празнина, во таа тишина, која не е тишина….размислувате дека доаѓате до точката во која откривате  дека бучните места и класичните призори на седење на маса и консумирање на храна и пијалоци не се повеќе вашето време. 

Тогаш откривате дека го најдовте клучот како можете времето да го забавите. Започнува Вашето време, време во кое несвесноста ја менувате со свесност дека темпото на животот преку природата и уживањето во мали залаци на храна и секогаш добрите голтки на Скопско смут се како време кога школката се затвара, за бисерот во неа да се обнови и сочува. 

Есен е….така и треба да биде.

Како завршница на еден ваков посебен ден, на пат кон дома, си ги пуштаме Tame Impala со нивната Solitude is Bliss.

Благодарни на SKOPSKO SMOOTH

You may also like

Leave a Comment