Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Портите на Брајчино - No Man's Land

Портите на Брајчино

Од Византија, преку Османлиското царство до богомилите во средниот век, Преспа помина низ бројни периоди, па областа ја формирале многу раце.
Таа во текот на историјата отсекогаш била грб, па во време на Александар Велики, претставувала најзападен дел на Македонското царство, во време кога тоа на исток било распослано до реката Инд.

 

Во време на турското владеење Преспа припаѓала на нерегистриран дел од царштината, зошто им била стрмна област и опасна на собирачите на арач. Со заминувањето на Турците, овде се поставиле граници на три држави, а со нив дојде и бирократијата, која до некаде го подобри животот на локалното население, но довела до историска амнезија која и денес постои, и во која ќе се уверите ако имате шанса да ги посетите сите три страни, поделени со граница на оваа иста географска област.
Е во тој рај наречен Преспа, високо вгнездено на планината Баба, на 1000мнв е селото Брајчино.

 

За тоа, како го добило името, има повеќе стории, но најчесто се раскажуваа онаа во која двајца браќа сточари од селото Брајово, Прилепско, во потрага по нови и пространи пасишта се населиле на падините на Баба во Преспа и од Браилово, се родило Брајчино.
Брајчино има долга историја, големо село во кое имало некогаш преку илјада жители. Имаше и основно училиште изградено во 1921 година во кое се образувале познати и значајни имиња кои оставиле свои траги и во Македонија и по светот.
Во едни пишувања на Славе Катин, стои вакво набројување: “Од Брајчино потекнуваат 107 интелектуалци, од кои 39 се инженери, 27 економисти, 17 со филозофски факултет, 10 адвокати, 11 лекари, 2 фармацевти и 2 писатели и 3 режисери. Брајчино дало спортисти, министри, писатели, бизнисмени со звучни имиња и дома и по светот”
Денес, Брајчино брои помалку од 100 жители, кои го чуваат во спомен и за своите и за идните генерации.
Брајчино е село со четири цркви, сите убави…но манастирот Св. Петка сокриен над селото беше наш интерес. Нема пишувани документи кога е изграден, а местото на манастирот каде што се претпоставува дека била напишана годината е целосно оштетен.  Според експертите живописот е создаван во период од два века, од 15 до 17 век. Низ историјата овој манастир беше училиште за монаси. На почетокот на 20 век, страдал и во пожар и бил заборавен. Со напори на жителите направени се обиди и се возобновил во изминатите децении.
И се спуштаме назад кон селото, ја среќаваме Јованка, која ја овековечивме во една наша фотографија од циклусот “Humans of Macedonia”, која ја забележа и нејзината внука низ виртуелните лавирнити на социјалните мрежи, па ни се јави на Твитер и не направи посебно среќни. Што само докажува колку е светот мал.
Јованка со вреќа комипири во рацете. Насмеана, ведра и полна со живот без да и се бројат годините. А ги имаше одамна поминато 70тите.
Не покани на гости, сакаше да си помубатиме.
Нема крај во Македонија и село во него, каде не сме нашле љубезни луѓе.
На некои им ја гледаш осаменоста во очите, на други им ја гледаш радоста за животот.
Само тоа ги разликува.
Јованка беше полна со живот…
Се спуштаме низ селото, ги гледаме портите на куќите, убави, не можеме да оддолеме да ги фотографираме ако може сите и  по некој стар прозорец кои раскажуваат своја историја на некој минат живот и на овој, сегашниот.
Судејќи по сегашните жители на Брајчино, ова е село кое не треба да се плаши за својата иднина.
Има верни жители кои остануваат на своите огништа, а оние кои заминале по светот, често му се враќаат зошто се горди на своите корени.

You may also like

Leave a Comment