Во старите времиња, снабдувањето на градовите во сложен терен во смисла на релјеф се вршела со користење на сложени инеженерски градби. Таков бил аквадуктот, кој од изворот на голема висина, носел вода до жителите, сместени во долините.
Древните градители, совршено ги граделе овие грандиозни градби, кои во превод од латински значат водовод, но нивното значење е подлабоко. Тоа се сложени градби, со прекрасен изглед кои опстојале до денешно време.
Скопје, ја имаа таа привилегија да биде на мапата на градови кои имаат аквадукт изграден од римско време.
Маркантна градба, лоцирана само на неколку киломтери од центарот на престолнината.
Древни инженери го создавале, а градители од камени блокови го граделе. Користеле и тула. Поминале векови и векови, а оваа градба преживеала. Она што загрижува е колку денес не се води грижа за ова непроценливо наследство.
Го посетивме летово, гугл мапата не водеше до локацијата. Не постои никакво обележување дека се приближуваме до еден ваков грандиозен објект. Составен е од 62 столбови од кои секој е висок 6 метри, долг 5 метри, а широк 4 метри.
Не е познат за туристите, а очигледно не е посетен нешто многу ни од жителите на Скопје.
Последен пат бил обновен по Скопскиот земјотрес во 1963 г., кога биле поправени три лака и два столба кои паднале од јачината на потресот.
На Википедија пронајдовме следни информации:
Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на Римското царство или Византија,во времето на Јустинијан I, од 527 – 554 г., па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Според овие мислења тој бил поврзан со новото Скупи-Скопје. Се смета дека преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до “топџиската касарна”, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата преку аквадуктот се пренесувала со цевки кои оделе од запад кон исток.
Во однос на првата теорија и неговото датирање во VI век, во прилог одат неколку работи. Неговото позиционирање од Скопска Црна Гора води кон денешниот простор на касарната Илинден, или соседниот рид на возвишението каде се наоѓа скопската тврдина. Со оглед на големиот земјотрес од 518 година и страдањето на античкото Скупи, градот се преселува на просторот на скопското кале – тврдина. Аквадуктот води кон тој простор, кој е во спротивна насока од античкиот град.
Во 1669 г. патописецот д-р Браун запишал дека „аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит“. Многу историчари го цитирале Прокопиј (познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан). Според Прокопиј водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 г.
За стариот скопски водовод – аквадукт во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година пишувал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров. Имено, тој запишал дека водоводот започнувал од самото подножје на Скопска Црна Гора на 2 ½ часа растојание од Скопје и над самото село Глуво каде што во земјата имало ископана една немногу широка дупка. Стените на дупката биле направени со ѕид, а од горе стоела железна решетка за да не влегуваат нечистотии во неа. Таа скромна дупка била почетокот на прочуениот скопски водовод. На самиот брег на Бањанка и на неколку чекори од почетокот на водоводот има чешма со бујна, студена вода убава за пиење.
Аквадуктот е навистина величенствена архитектонска градба. Не без причина, според една легенда, “авторството” на светски познатата конструкција на лакот на аквадуктот во Сеговија, се припишува на ѓаволот. Како да ја изградил грандиозната структура во замена за душата на една девојка.
Така светот создава легенди и приказни за своите аквадукти.
За овој нашиот, не мора да создаваме легенди, но треба да биде ставен во приоритетите за конзервација и реставрација, итно.