Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Скаменетите свадбари - No Man's Land

Скаменетите свадбари

Без разлика колку и какви уметници се родиле низ годините во светот, никој не успеал да биде подобар од најголемиот уметник, иако многу се обиделе да го копираат.

А тоа е природата.

Со сите свои творби.

Една таква творба оставила во близина на селото Куклица, кратовско, познато како Камени Кукли.

 

Еден топол летен ден одлучивме да посетиме неколку локации на истокот од Македонија, кои од поодамна ни беа маркирани. Куклица беше прва на листата. Ги следиме знаците кои не водат кон локалитетот и пристигнуваме до паркинг местото, каде го оставаме автомобилот. На самиот влез од овој маркантен споменик на природата има куќарка, со човек кој седи внатре и ве пречекува. Вели дека не се плаќа карта, но може да купиме сувенири, кои ги продава нивното здружение, па средствата одат за подобрување на инфраструктурата на местото. Веднаш одбираме неколку предмети, сепак во чудење зошто нема влезница, што би значело и поголема грижа за местото. 

 

 

А внатре околу 120 поголеми и 15 помали фигури од камен.

Човекот кој не пречека ни раскажа дека тука имало вулканска ерупција пред 10 милиони години. Наредните 10 000 до 20 000 години, природата ги формирала овие камени фигури. Од друга страна, народот верува во легендата која вели дека во селото Куклица живеел некој младич, кој и покрај љубовта со некој девојка, поради поголемото богатство одбрал да се жени со друга. Несреќната девојка на денот на свадбата ги проколнала свадбарите, па тие се скамениле. И денес може да се видат каде стојат зетот и невестата и каде стојат другите гости на свадбата.

 

Природата ни’ подарува, но ние треба да чуваме.

Камените кукли се неми споменици за нешто што се создало тука пред многу милиони години.

Ние имаме обврска да ги зачуваме и пренесеме на идните генерации.

Во надеж дека овој споменик во иднина ќе биде многу повеќе заштитен и за него ќе се води повеќе грижа, го напуштаме местото.

Влегуваме во колата, пуштаме музика и се движиме кон Кратово, овој пат да видиме како човекот успеал да ги соедини своите творби со природата.   

You may also like

Leave a Comment