Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Сонцата во девствена убавина на југот - No Man's Land

Сонцата во девствена убавина на југот

Течеше реката низ планината и полињата, носеше камења пред себе, се ширеше и се стеснуваше вдолж текот…во таа дива недопрена убавина, каде ридовите и планините се накитиле со зелените лисја на дрвата, а полјаните со цвеќиња во таа пролет.
Под Кожуф планина, е оваа девстевна убавина.
Дали сте биле во кавадречкиот дел на Мариово?
Ако не сте биле, време е.
Една друга димензија на најизолираниот крај на Македонија.
Нас не донесе љубопитсвото после сите прошетки и уживања во битолскиот и прилепскиот дел на Мариово. И да, секој дел од наброените на овој крај е различен, а сепак припаѓа на таа висоравнина, како приорден казан, ограден со високи планини, кои го чуваат сокриен.
Крај кој во римско време се нарекувал Марина, во византиско Мерихова, денес е Мариово.

 

Дојдовме да ги видиме селата, но не воодушеви и природата, толку поинаква од таа на другата страна на регионот.
Занесени изодивме многу полиња, направивме и пикник крај реката, а селата Рожден и Мајден се како од приказните. Куќи обрастени во бршлени, со војнички рѓосани шлемови по оградите, со по некој старец или старица чии очи блескаат кога ќе дојдат помлади луѓе, ги радува младоста, зборуваат за минатото, ја раскажуваат и староста тука.
И пешачат со нас, да ни го покажат селото и оние во Рожден и тие во Мајдан, како договорени, да бидат наши водичи.
Не водат до една црква на височината која љубопитно не гледа. Никакви податоци за нејзината историја, а очевидно е големо мајсторство во фрескосликарството.
Попатно ни кажуваат каде некогаш имало училиште, врвиме покрај гробови, стари, уредно наредени  и потскирени од високите треви, безброј полски цветови, секакви…мирисни, освежени од пролетниот дожд кој во утрото не дочека. За момент ако ги затвориш очите. Овие призори и колку наивно да звучат, како да  те носат во Прованса. И можеби Мариово би било Прованса, ако му се случеле некои други процеси, а можеби и

подобро што е вака со девствена убавина.

Овој крај го сврте вниманието на светот со рудникот Алшар, за кој многу се пишуваше….и за да не бидеме сензационалисти, зошто сме ние само трагачи по убавото, ќе речеме:
Сите Сонца Алшарови, цела таа мистерија за непроценливо богатсво од лорандит, цела таа револуција за извор на потенцијална чиста енергија и вистина и мит, и недоразбирања и напуштен рудник денес, обрастен во треви, аа жителите идат по нас и раскажуваат како доаѓале луѓе, научници, како си оделе. Не знаеш дали раскажуваат со тага или со чудо. Чуден е тој микс на чувства кај нив.
Време е да си одиме и ние, од овој магичен крај.
Дождот повторно се навраќа да ги плисне ливадите со нова свежина, за утре уште повеќе да цветаат пролетните цветови. Фрламе поглед вдолж и попреку тој крај, заробен во планински засеци, во две села, во кои некогаш вревело од живот, а денес ги гледаме како полека се гасат, додека ги палат ноќните сијалици на самрак. Си се запрашуваме, дали ќе победи животот тука? А сонцето заоѓа..дали ќе се вратат оние чии корени на предците се оттука, за да го разгорат пламенот во овие огништа, за да не се опустошат целосно, за да не ги стигне заборавот, особено на овие старци кои живеат тука, и кои ти се чини како да се пламен на животот, кој трепери на ветерот.

You may also like

Leave a Comment