Љубица Ангелковa
Еден планински изданок на Плакенска Планина, тешко воочлив на картите, но нем сведок на одамна поминатите епохи кога се создавал овој планински масив, е прекрасната и не толку позната планина Мазатар.
Пред петнаесеттина години во Скопје работеше еден мошне популарен мезе бар. Со едноставно, но мистично име – Сопотско.
Сме слушнале многу претпоставки за потеклото на името, од тоа дека е француско, па дека претставува кованица од повеќе зборови, некое странско презиме итн.
А одговорот беше мошне едноставен.
Тоа е име на село во ресенско, од каде потекнуваше еден од тогашните газди.
Ако сте го гледале Goldfinger, сигурно се сеќавате на сцената во која Џемс Бонд го вози својот Астон Мартин во негов манир низ еден живописен планински превој во Швајцарија. Е па и Македонија, има своја Furka Pass, како што е името на оваа позната филмска локација совршена за епско возење, која и денес привлекува луѓе од целиот свет кои доаѓаат само со една цел, да возат и да го искусат патот на свој начин.
Светскиот бизнис-магазин „Форбс“ во 2008 година ја избра Македонија меѓу најатрактивните дестинации за возење во Европа. Рутата од Преспа до Охрид преку Галичица е препорачана како една од 20-те најдобри дестинации. Станува збор за P504 во должина од 27.2км.
Кој ќе ве убеди дека Скопје нема езеро, не е во право.
И не е едно, туку се две. Матка и Козјак.
Козјак е нашата точка на интерес, езеро кое е на само 45 км од главниот град.
Сме гледале безброј преубави фотографии од страната на Скопје, но решивме да Ви го покажеме езерото од неговата друга страна.
Многу помалку фотографирана.
Од страна на Македонски Брод.
Погледот не е така спектакуларен, можеби некој ќе заклучи.
Но, сметавме дека добро е да ја покажеме и неговата не толку позната страна.
Местото каде што планината го бакнува и небото и езерото.
Местото каде што ветерот ги чисти и мислите и душата.
Таква е планината за која досега сме напишале толку многу работи, а сепак, секоја следна авантура отвора уште приказни кои заслужуваат да се раскажат.
Галичица, овој пат со врвот Гога, кој планинарите го викаат Видиковец Гога.
„Во градот кон квечерина се слушаат славеи, а танцот на Циганките, звукот на сазовите и убавината на песните наоколу секого го тераат на возбуда и самозаборав.
Поетите и вљубените своето време го минуваат во кафеани, со озборување, а крај асталите можат да се видат луѓе со необични чалми, небаре птичји гнезда, и преубави танчерки кои на својата половина имаат обесено шарени ленти со ножеви”- ќе запише Челебија.
Откако поуживал во славеите и танчерките, патеписецот, што своите тефтери ги порачал уште во 1630 година од родниот Истанбул, каде што секогаш се враќал по неколкугодишно патување по светот, запишал дека Битола во тоа време броела околу 70 џамии.