Врвот кој слуша

Две уши.
Еден видиковец.
Нов, трет по ред врв на Кожуф.
И јубилеен, 30-ти за нас.
Бевме навистина среќни, што се навраќаме на оваа планина, но овој пат во пролет.
Беше крајот на месец април.

Одиме на југ кон Гевгелија, од каде еден тесен пат се одвојува кон планинискиот предел на Кожуф и зад себе ја остава плодната долина.
Врвовите се сé уште бели, а пролетта одамна царува тука јужно.
‘Смрдлива вода’ е влезната точка во еден див предел, чии карпи укажуваат на вулканско потекло на планината. Шумските појаси се мешавина на зимзелени дрва, главно бор и смрека, но и листопадни букови дрва, а широки пространства на Кожуф се под боровинка, клека и се разбира трева, како во прериите.
Оваа планина, на секое доаѓање ни го остава тој впечаток на микропростор кој всушност воопшто не е мал. Причината за таквата перцепција на планината е што, барем во првите две искачувања на врвовите Зелен Брег и Sена, немавме можност да ја погледнеме планината во еден кадар.
Но, овој врв Двете уши со своите 1.766мнв, ни го демантира ставот дека со Кожуф владеат микропростори, така што од овој агол гледана, ја доживуваате целата нејзината грандиозна убавина.
Врвот Две уши, совршено e вклештен на планината, со поглед вперен кон долината. Од оваа точка, се пружа магичен поглед на целиот масив.
Неговата северна страна е карпеста и имате впечаток како да стоите на ѕид на кањон. Друга страна е класично планиско искачување и токму таа страна е единствениот пристап кон врвот кој гледан од дистанца навистина има изглед на две уши.
На патот кон врвот бевме во друштво на чевторица членови на Планинарскиот клуб Кожуф од Гевгелија. При такви искачувања, кога имате локално друштво тотално се исклучувате од концентрирано следење на патеката и целосно се посветувате на уживање во планината.
Тој ден ни се променаа две годишни времиња, дојдовме во пролет, во планината не дочека зима, кога се симнавме повторно пролетта беше тука.
Кожуф, по трет пат ни остава силен впечаток, овој пат во спектакуларното светло на пролетта со остатоци од зимата. Колоритотт се движи од зеленило до повремено белеење на снегот и сеоа тоа го следи небото со сите нијанси на сино.
Сигурни сме дека ќе имаме и следни средби со оваа убавица од планина.

You may also like

Leave a Comment