Mountains
Има едно убаво чувство, поврзано со искачувањето на планините.
И не е поврзано со часовите поминати таму.
Туку, зборуваме за она необјасниво чувство кое ве преплавува кога ќе се вратите на местото од каде што тргнавте, после целата одисеја.
Во главата започнуваат да се редат впечатоците. И тоа знае да трае со денови, а некогаш било присутно со недели.
Буквално, до вашето следно искачување. Чувство, кое создава зависност од која тешко ќе се одвикнете.
Нешто, налик на планинска анестезија….заробеност во импресиите од искачувањето.
А, зошто да се одвикнеме?
Кога ние таа зависност ја сакаме.
Крчин е планина со силна приказна.
Според братството на Бигорскиот Манастир, таа е таворски блесок.
Според планинарите, таа е вредна за паметење.
Ушушкана, некаде на средина од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман….ги нуди најубавите призори.
Доаѓа како бедем планина, врв во форма на потпрен триаголник ако го гледате од неговата источна страна или како трон, ако погледот доаѓа од север.
Наутро изгледа моќно, а на залез на сонцето изгледа нестварно.
Еден извор на река.
Неколку водопади.
Масив на питоми планини.
Некоја сокриена , заборавена и негибната Македонија…И кога се нахранивме од тие божествени погледи, додека околу нас слушавме лирска песна на шумски птици, заклучивме дека Малешевијата е питомиот планински рај на Македонија.
Еден планински изданок на Плакенска Планина, тешко воочлив на картите, но нем сведок на одамна поминатите епохи кога се создавал овој планински масив, е прекрасната и не толку позната планина Мазатар.
Местото каде што планината го бакнува и небото и езерото.
Местото каде што ветерот ги чисти и мислите и душата.
Таква е планината за која досега сме напишале толку многу работи, а сепак, секоја следна авантура отвора уште приказни кои заслужуваат да се раскажат.
Галичица, овој пат со врвот Гога, кој планинарите го викаат Видиковец Гога.
1 Март, 2020
Винските предели на Македонија чуваат љубоморно еден врв кој долго планиравме да го искачеме.
Долго, не заради комплицираност или чекање на добри временски услови, висок е 1.149мнв и е лоциран во пределот на Македонија кој има реално калифорниска клима. Дилемата ни беше создадена од многу различни текстови кои ги прочитавме на интернет и во кои сите пишуваа и објаснуваа различни точки на почеток со цел да се искачи планината и врвот со истоимено име.