Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Триста вира, до Вир - No Man's Land

Триста вира, до Вир

8 Март, 2020
На зимата, никако да и дојде крајот, иако оваа зима снегот не беше силната страна, но во еден дождлив ден, нестрпливи да ги испружиме нозете на некое ново неоткриено место, одлучивме да одиме до селото Вир.
Неговата сторија не привлече од еден прочитан текст на нет и таа приказна ни звучеше неверојатно, па затоа отидовме да ја провериме.
“.…Вир е село во општина Македонски Брод. Напуштено. До него нема ниту патоказ. Како воопшто да не постои. Ако не знаете дека кога одите натаму треба да свртите по едно мало, тесно патче низ Модриште, ќе го промашите. Ако се направи попис во селото, нема да има жители. Минатиот пат имало девет лица, но дел од нив починале, а другите се иселени…

Еве ова не поттикна во тој сив и дождлив ден да го откриеме Вир.

Се смета дека Вир го добило името по тоа што има многу вода. Секоја куќа има бунар, но тие на пролет, кога се топат снеговите, претекуваат па уличките стануваат како речни корита. Главната уличка, пак, се претвора во река. И така е до Петровден, а потоа бунарите имаат вода, но не претекуваат.

Разиграна дружина на безработни селски кучиња не дочека на влезот на селото. Како да се уплашија кога не видоа, а требаше да биде обратно.
И кучињата се одвикнале да среќаваат луѓе, тука.
Патот кој влегува во селото е една жолтеникава врвца на макадам. Две коли не можат да се разминат, а веројатноста да се сретнат две коли е минимална, си помислуваме.
Дојдени сме во ова село и овој крај на крајот на зимата. Сиво челично небо, заспани дрва и љубопитно подразбудена зелена трева, која ја најавува пролетта, не дочекуваат.
А каква ли е тука пролетта и летото, на толку вода и сончевина која заради ниските ридови го гали овој крај? Мора да изгледа бајковито.
Природата сега спие, како што е во сон и селото. По некоја пупка на дрвата на оревите најавува скоро будење на природата, а веројатно и мало будење на селото кое во лето има по некој жител за викендите, кои бегајќи од жештините доаѓаат во крајот на своите предци.
Кучињата не испраќаат назад, како да сакаат да бидат сигурни дека навистина си одиме, а тие да се вратат во заспаното село.
Апсолутна тишина, нема никакви звуци.
Влегуваме во колата која ја оставивме некаде на половина земјен пат до Модриште. Им дадовдме сé што имавме од храна на кучињата кои не испратија, беа прегладнети.
Се запрашавме дали има надеж некој да се врати и да остани да живее тука не само во лето, туку во сите годишни времиња од годините што доаѓаат. Или и тие што доаѓаат во лето ќе се уморат еден ден и ќе бидат последните што ќе заминат и ќе го изгаснат светлото по заминувањето.
п.с. Кога излеговме на асфалтниот пат кај селото Модриште на еден метален стоп, на кој има знак стоп, забележавме три букви направени од метал и обоени со црвена боја, формирајќи го зборот Вир. Штом некој ставил самоиницијативно знак, има надеж дека некои луѓе сепак се грижат за едно заборавено село.

You may also like

Leave a Comment