Го знаете ли значењето на митовите и легендите? Знаете ли дека без нив, луѓето во дамнешните времиња не можеле да си ги објаснат случувањата околу себе?
Но дали се легенди, местата каде што денес гледаме древни градби?
За една таква градба, делумно преточена во легенда пишуваме овде.
Не постои патник кој на 26 километри јужно од Скопје, на автопатот кој води за Велес, не поминал а да не го забележи Кастелот кој се издигнува на едно специфично нагласен простор кој од другата страна стрмоглаво се спушта кон реката Пчиња.
Според македонската Википедија, ова се Маркови Кули — тврдина – гранична стража 1,6 км источно од Кожле и 1,2 км јужно од Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Изграден на тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Се издига 70 м над реката. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини, а денес преку тоа седло поминува автопатот Скопје-Велес.
Една прастара патека ја преминува реката на тоа место, поврзувајќи ги двете антички траси на Вардарската магистрала (и денес тука водат два еднонасочни автопата) западно и источно од Маркови Кули.
Македонија, земја во која живееле рицари. Според археолошките наоди и објаснувањата во 46 издание на едицијата Balkanoslavica објектот имал трпезарија (рицарска сала) со димензии 24 х 6 м. Наспроти неа стоела друга градба. Целиот распоред на обновеното јадро го определува ова место како феудален замок.
Градот Кожле е спомнат во српските црковни повелби од времето на Стефан Душан. Со него тогаш управувал кефалија, што значи дека бил кралска (државна) тврдина. Го контролирала Вардарскиот пат во теснините помеѓу Скопското и Велешкото Поле. До 1230 г. кога Србите ги освоиле граничните византиски кастрони Велес, Чрешче, Штип и Просек, Кожле претставувал српска гранична стража и најистурена точка кон Византија, стои детално во линкот на Википедија
https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Маркови_Кули_(Летевци)
Легендите се приказни за човековите дејства кои се дел од човековата историја и секогаш содржат одредена поука.
Таквите приказни раскажуваат за чудни настани кои според раскажувачот навистина се случиле. Легендите се традиции на сите култури кои со текот на времето се менуваат, со цел да ја задржат својата приказна. Кастелот на Пчиња не е легенда, тој е тука, а што правеле рицарите во феудална Македонија, само нашата фантазија може да замисли и да преточи митови во легенди. Посетете го замокот на Пчиња еден ден и замислете се дека сте дел од една дамнешна приказна на храброст.