ТОПТАШ – најубавиот прилепски видиковец

Во непосредна близина на Прилеп, се наоѓа Топташ, како ридест дел од северозападната страна на Селечка Планина опкружен со камени формации со различни форми, кои на пределот му даваат доза на драматика.

За Топташ се заинтересиравме после една убава фотографија, објавена од еден маунтбајкер кој зборува за познатата даунхил трка која токму таму се случува.


На оваа височина има различни форми на карпи, кои како по правило да повикуваат на усни преданија за нивното создавање.

Но, бидејќи сме го посетиле другиот извишен крај на прилепското поле, односно Маркови Кули, сме пишувале за нив и за карпестата уметност таму, овој регион науката кажува дека влечи создавање на карпи во длабокото геолошко минато кога дошло до тектонско подигнување на планините на Балканот, во пермскиот период, за во следното геолошко доба, наречено тријас, истата област да биде под вода, значи прекриена со морски басен. Па така, реките кои се влевале во големата водена површина, носеле песок и глина, која во комбинација со морската ерозија, создавала специфични наслаги. Веројатно по својот геолошки состав, карпите се комбинација на песочник и конгломерат. А на сончев ден, ситните камења светкаат, што зборуваат дека содржат силикатни минерали. Затоа овој крај е навистина со необична морфологија и посебна убавина.

И покрај близината на Прилеп и лесниот пристап со асвалтен пат до подножјето на Топташ од каде Ви требаат 40-тина минути за искачување, овој атрактивн почеток на Селечка Планина нема посетители. Барем така ни кажа еден овчар кој на симнување го сретнавме и со кого муабетевме за регионот.

Топташ е славен низ старите пишувања за Прилеп, како на омилено излетничко место на жителите. има и црно бели фотографии на кои се гледаат планинарите на ова тло пред многу децении. Топташ денес го прават славен љубителите на планински велоспидеизам кои тука ја одржуваат нивната даунхил трка со спекталукарен поглед на Прилеп.

Ако некогаш сте во овој регион и сакате кратка прошетка со прекрасен поглед на овој дел од долината на Пелагонија, нема да згрешете ако го искачите Топташ.

You may also like

Leave a Comment