Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Кај Дичо Зограф, во Тресонче-парче на украсен рај кој нема крај - No Man's Land

Кај Дичо Зограф, во Тресонче-парче на украсен рај кој нема крај


Највкусниот залак на мирот е кога патот ќе те донесе во преубавите македонски села. 

Таму стануваш свесен за шумот на невидливите шуми, стануваш среќен и свесен за своите корени и своето постоење….

Прекриен со шепотот на незаобиколното, а секогаш надоаѓачко чувство на откровение низ сите пори….

Ете таква беше нашата средба со селото Тресонче и поткожната ерупција, која ја предизвика влезот во црквата зоографисана од великанот на иконописот, роден токму тука во Тресонче, Дичо Зограф. 

„Сите се тегнет и се кошкает за мене. Србите велит су бил највеликиот српски зограф, Болгарите ме клавает меѓу творците болгарски, а ја можа да реча оти су бил Мијак от Тресанче“

Вака запишал Дичо Зограф во сочуваната Ерминија (зографски прирачник), каде тој внел и основни податоци за својот живот. Благодареие на неа, историчарите црпеле информации за овој великан. 

Димитрија Крстев(иќ), познат како Дичо Зограф е роден во 1819, Тресонче, Дебарско. Се вбројува меѓу најзначајните мајстори на Мијачката школа и еден од најпознатите македонски зографи во 19 век. 

Дичо Зограф, како и најголем дел од Мијаците, сестекнал со високо образование и добро ги владеел книжевниот грчки и старословенскиот црковен јазик, а исто така и духовните прашања.

Во својот живот работејќи за потребите на православните цркви на просторите на Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Грција, создава импресивен опус кој содржи повеќе од 2000 дела кои пленат со својот изглед и ни го откриваат чудесниот духовен свет на овој мајстор на иконописот. 

Во Тресонче, средбата со Дичо во црквата и спомен собата направена во негова чест е посебна. 

Црквата е трокорабна базилика со олтар, лаѓа и балкон. Изградена е со рамен под, што во тоа време не било дозволено од турските власти. Црквата е градена од рачно делкан камен, а влезната врата е ѕидана со калај. Над неа, како и над другите отвори, во каменот се врежани библиски симболи. Каменот бил ваден од Мајдан, во планината над Вевчани, а бил носен со волови. Градбата на црквата била завршена во 1864 година. 

Иконите на Дичо се фантазија. 

Овој истакнат мијачки зограф во овој свет храм оставил вредни дела. Првата негова икона најверојатно е изработена во 1849 година. Од раката на Дичо се изработени и престолните икони во 1876 година, која што се смета и за година на осветување на црквата. Зографисувањето е дело на Аврам Дичов, најстариот син на Дичо Зограф, а се работело во истовреме за да заврши во 1879 година. Оваа црква со импозантни димензии, градена со фантазија и богато зографисана, е еден од најубавите преродбенски споменици во Македонија. 

Но, кога гледаме на неговото иконописно творештво, тоа претставува пресвртница на еден илјадагодишен период и почеток на еден сосема нов правец во историјата на македонската црковна уметност. Следејќи ги актуелните текови на црковната уметност, во своите ликовни концепции вметнува специфични елементи на левантинскиот барок. Неутралната, нејчесто златна заднина на иконите, каде се нагласува духовноста на ликовите на светителите, станува карактеристика на неговите дела. Во постојан творечки напор, Дичо Зограф систематски работи и ги моделира новите иконостаси, ги обновува и дополнува постоечките, живописува и работи цели ансамбли во црквите и манастирите. 


“Особено успешно ми беше животописанието наголемиот иконостасен крст во големата тресонечка црква кого го завршив во 1854 година.

Зографисувањето на оваа црква траеше сe на сe од 1844 до 1854 година.

Работејќи на сенките на моите икони вардеф наобликувањето на животоносниот израз на иконата. Нејзе је клаваф голем контраст и ‘исмалуваф пасажите. Иконите ‘и сликаф назлатоносна основа, шчо на ликовите на светиитеим дават посебна духовност. Вардеф коазографисуваф мали икончиња да не им се губитот изразувањето и обликот кој го имаетпоголемите, да реча, да не се стопит ликот одличниот светител. Многу е важно да зноете отине требет да се користит вештачки бои, а коаимате на ум нешчо да сликате, вардете готовитебоите да не ‘и клавате веднаш на даската илиплатното, ами оставете ‘и да тифнет барем двадена за от нив да излезет лошотиите кои ‘игризет дрвата и платната. Кој сакат да зноетповеќе за рабоќето кои сам ‘и научиф, најдете јамојата Ерменија, а во неа на 201 страницанапишаф се шчо зно за зографисувањето.

Годишно работеф по околу педесети големи дела, а некоаш саде дваесетина, па затеа сеанекои велит оти во некои годиње коа су работална многу икони и рабоќе воеднуш, малу су ја губел убавината.

Во нашиве краишта го донесоф барокот кои унас идеше преку Света Гора и Солун, преку нашите мијачки зографи и разбари кои го учее занаетот во манастирот “Зограф” на Атос.

Ама, како Господ, никој не е.

Вардете ми ги оние рабоќе шчо ‘и остаиф да ‘икрасит црквите у нас и у другите земји, зашчо зада го дозноеме светот надвор од нас, требет првин самите себе си да се научиме.

Да сте ми живи и здрави!”

Ќе напише Дичо на мијачки дијалект стариот зографски прирачник – Ерминија, во кој се наоѓаат иконографските и технички белешки за начинот на работа на иконите и на ѕидните слики. Во врвот на творечкото дејствување, релативно млад, Дичо Зограф умира во 1872/73 година. Неговите дела ќе станат парадигма за генерации зографи во пошироките балкански простори.


You may also like

Leave a Comment