Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Љуботен е кадифена љубов - No Man's Land

Љуботен е кадифена љубов

Шар Планина или како скратено ја нарекуваме Шара, се верува дека името го добила благодарение на своите шарени пејзажи кои се најизразени кога таа е под снежна покривка.
Стрмните карпи и издигнатите стеновити подрачја, не дозволуваат снегот равномерно да ја прекрие планината, па нејзините падини оддалеку изгледаат шарено.
Овие “шари” избраздиле моќни движења на мразот во едно дамнешно ледено време, оставајќи позади себе бројни траги и релјеф полн со циркови и глацијални езера.
Шара, во лето пак е зелена убавица, повторно исшарана, но овој пат во сите нијанси на зелено, а некаде и карпесто сиво.

 

Просечната висина на многуте врвови кои го чинат главниот гребен кој припаѓа на три држави, е околу 2.000м, од кои преку 30 врвови ја надминуваат висината од 2.500м и се распоредени на територијата на Македонија,  Косово и Албанија.
Шара е стрмна, кршна и дива. Истовремено, секој поглед на нејзиниот пејзаж од врвите создава мир, спокој и благост.
Каква дијаметралност е оваа ќе се запрашате….но, реално е прикажана.
Зошто Шара во себе крие и нешто што не е така опасно и грубо, таа ја крие нежноста и убавината која ја чува помеѓу нејзините тешко пристапни места.
Додека се искачувате кон врвовите, планината делува како громаден масив, но приближувањето кон Козја стена и околниот камењар нудат алпско доживување.
Наша одредница беше Љуботен со своите 2.499 м.н.в.
Тој е најсеверниот врв на Шара и симбол на градот Скопје.
Љуботен е осамен врв кој достоинствено стои како завршница на оваа прекрасна планина од нејзината североисточна страна.
Неговата импозантност го прекинува едноличјето на целото планинско било.
Иако Љуботен не е највисокиот врв на планината, тој со своите остри и атрактивни црти е всушнoст највпечатливата шарпланинска точка.
Неговото искчаување беше уживање, заради вонредните видици кои ви ги дава.
Наспроти ја гледате Јакупица со нејзините врвови, десно кон запад е горделивиот Кораб, а Љуботен е пред вас во тој совршен ден.
Го гледате пред вас, како да е блиску, но не е.
Ова е долга патека и има значајна разлика во надморската височина. Но вреди, за секој нов поглед, кој со секој нов чекор нагоре кон врвот, ви се отвара со задоволство.
Ветровито е, но ударите на ветерот се како галење.
Со Љуботен имате љубов на прв поглед.
Посакуваме да го видиме облечен во златните бои на есента или во белиот превез на зимата.
Дотогаш, погледот ќе остане запаметен по тоа бескрајно зелено кадифе кое се распостила по сите страни.

You may also like

Leave a Comment