1.3K
10 Август, 2019
Во планинарските кругови, пешачката тура до врвот Меденица, преку селото Галичник припаѓа на групата вистинска класика.
Ова планинарско уживање, започнува уште кога ќе возите кон Маврово и кон бескрајните пасишта на Бистра кои Ве водат до Галичник.
Едноставно, едвај чекате да се исклучите од регионалниот пат Гостивар-Охрид и да влезете во територијата кога прекрасните предели ќе ви бидат на дофат.
Симфонија на питоми брегови, Ве води скоро до самиот врв, а главниот адут почнува таму кога имате поглед кон шест планини Шара, Буковиќ, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб и кон две езера Дебарското и Мавровското.
Теренот е меден, како и самиот врв. Патеката е одлично маркирана, така што немате никава потреба од навигација.
Единствен имепартив е да се препуштите на планината и на тоа што таа ќе Ви го пружи. А нам, Бистра ни е ненаметливо миленица планина.
Планина која плени и во лето и во зима. А во пролет и есен е исто така своја приказна. Ако во зима сме скијале, во пролет сме возеле велосипеди околу Мавровското езеро, во есен сме гледале илјада нијанси на златно црвени бои во некој помалку дожлив ден.
За планинарење, пак летото е најубав период.
На планините годишните времиња доцнат, така што цветни ливади тука наоѓате и во лето. Благи терени и лесно освоив врв, се добра приказна за сите оние кои се почетници, можеби затоа Бистра е класика за планинари.
А за нас таа е привлечна приказна заради импозантите ливадски предели.
И покарј нејзината популарност, таа нема многу трагови од човеково присуство. Ретка оаза во која доаѓаат и туристи и планинари, но не ја злоупотребуваат. Едноставно почитуваат правила на добро однесување во природа.
На толку наши освојувања на врвови, откривање на планински предели, ова е планина на која не видовме ниту еден, единствен отпадок. Што е навистина за почит.
И повторно ќе кажеме дека пленат широките погледи преку збрчканите пасишта. Безбројни стада овци наоѓате на различни локации до врвот. Овчарите љубезни, секогаш се убав стоп за некоја интересна приказна.
Бистра е планина која се наоѓа во географското срце на Западна Македонија. Нестварно убав предел кој во себе обединува толку многу различно на релативно мал простор, планински драг камен во кој се сместени можеби најубавите македонски села, предел во кој живеат над 30 видови на диви коњи.
Заравнет масив, опкружен со бројни врвови, а највисокиот Меденица 2.162мнв спие мирно распослан во прегратките на планината Бистра. А од него, го гледате Мавровското Езеро од птичја перспектива.
Не можете ни да замислите подобро место за медитација на крај од еден прекрасен ден подарен на планината.
И размислувате како илјадници уморни, прецивилизирани луѓе, скоро секогаш под стрес можеби еден ден ќе откријат зошто одењето на планина е всушност одење дома.
Планината и таа осаменост е неопходна.