Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Селечка Планина | Врв Висока - No Man's Land

Селечка Планина | Врв Висока

30 Декември, 2018

Претпоследен ден на 2018 година.Период во кој луѓето повеќе ги дружат кафаните, отколку планините…но, не и ние.

Поволни временски услови, иако Мариово го беше покрила мала покривка од снег. И колку неуко да звучи, никогаш претходно не сме размислувале дека Мариово има планина со свој обележан врв. Тоа даде нова димензија на една малку поранашна љубов, љубов кон Мариово.

А љубовта кон планините и врвовите, со додадена вредност на љубовта кон Мариово е за нас специјална приказна. Мариoво е крај во кој се вљубивме во неколку наврати, некои поединечни, при една посета кон крај на летото во истата 2018 година, заедно.

Во таа последна посета, ја откривме девствената убавина на југот на Македонија, за потоа во неколку наврати на овој регион кој разликува битолски, прилепски и кавадаречки дел да се навратиме неколку пати и буквално да ги откриеме сите негови пејзажи, села и Humans of Macedonia кои не се откажуваат од идејата да живеат во најретко населената област во Македонија.

Според попис од 2002 година 839 жители, на површина од 1.390км2.Но за пасивното Мариово кое патем може да напише, есеј за убавина, во No Man’s Land наскоро во рубриката Places, тука сме денес за една планина во него.

Селечка Планина – центар на Пелагониското царство

Врвот Висока со своите 1.472 метри надморска висина, претставува највисоката точка помеѓу Пелагонија и Мариово. Има пирамидална форма, а со заострениот дел, го привлекува погледот од било која точка на двете области во ведар ден. Налик на природна набљудувачница, на две различни големи пространства.

Нашиот ден за освојување на Висока не беше ведар, но погледите кои ни ги пружи врвот од горе, беа божествени. Врвот штиклиран дека е освоен. Посветуваме малку време на камената населба со впечатливи димензии создадена на врвот од дрежвните жители на Пелагонија.

Краткиот ден на тој 30 Декември и силниот ветер, не ни дозволија подолго задржување…..но си ветивме дека ќе дојдеме повторно на средба во некој ведар пролетен ден, можеби…. За миг замижуваш, замислуваш живот тука….и ти ѕвонат некои текстови кои А. Маркус ги пишувала за овој крај…

” Во срцето на Пелагонија се сместила Алкомена во центарот на Македонија. Секоја област обрабена е со карпести планини и во долините шуми, реки, езера, житни полиња. Тука првобитните ловци заседнале и ги создале првите населби за да го уживаат Пелагониското плодородие, како први земјоделци и сточари.Природните богатства, сончевата енергија, ружата на ветровите во Пелагонија создале поволна клима. Повеќе од 3 200 години Пелагонија со истото име се споменува во пишуваните документи. По должината на течението на Црна Река, со старо име Еригон, кога ќе се стопат снеговите од околките планини, таа ќе рикне и ќе ја поплави цела Пелагонија се до бујниот Аксиј. Поа е причината што неолитските населби и Пелагонските градови се лоцирани на височинки и ридови како што била и Алкомена од три страни обиколена со Црна Река. Тоа се реките и луѓето што ги опишува Хомер во Илијада, што живееле тогаш и сега на истите места, со исти природни услови.”

Каков убав завршеток на 2018 година…освоен врв, 5ти во редицата и средба со “градот-тврдина” на врвот Висока, столица на старото Пелагонско кралство.

You may also like

Leave a Comment