Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Врв кој танцува на ветерот од Преспа - No Man's Land

Врв кој танцува на ветерот од Преспа

Многу врвови ја красат Галичица.
Сме искачиле 6 досега и никако да ни стане доста од оваа убавица.
Така и тоа утро тргнавме кон неа.
Со цел да откриеме уште еден убав нејзин врв.

 

По пат секогаш разговараме или читаме некои детали кои се интересни за точката на наш интерес.
Така тоа утро, Гугл ни кажа вака:
Големината на планините се мери според највисоките врвови.
Но, дали знаете дека покрај врвовите, планините имаат и корени?
Делот што го гледаме на површината на Земјата од планините е далеку помал од нивниот корен.
Еве еден приказ….Монт Еверест е највисоката точка на земјата 8.848мнв.
А највисоката точка на нашата денешна одредница, планината Галичица е врвот Кота со 2.265мнв.
Но, коренот на Галичица е многу подлабок.
Наидовме и на информација дека Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ од Скопје изработила 3Д модел на оваа планина, при што е откриено дека коренот на Галичица е дури 9.000 метри под земјата.
Фасцинантно, нели….
Со вакви дискусии возењето е секогаш кратко.
А тој ден на нишан си го ставивме врвот Томорос.
Врв кој гледа кон Преспа со своите 1.675мнв.
Снег го белее, иако не е превисок.
Мал слој на снег, доволен за пејзажите кои ќе се појават пред нас да бидат величенствени.
Галичица, ако го прашате локалното население од Преспанско-охридскиот крај ќе Ви каже дека е планина со посебна емотивна тежина за нив.
Нешто како митска планина.
Но, ретко кој од нив знае, од каде потекнува името Галичица.
Реално, ниту еден топоним во светот не е даден случајно.
Она што се фосилите за биологијата и седиментите за геологијата, тоа се топонимите за културната историја на еден крај.
Но, не е секогаш лесно да се открие причината зошто некое место го носи токму тоа име и што тоа означува.
Тие, обично се мотивирани од нешто. Трагајќи по значењето на името Галичица, откривме дека и значењето е спорно. Познатиот истражувач во областа на лингвистиката и славистиката, Академикот Проф.Д-р Петар Хр. Илиевски, истражувал во еден свој научен труд, објавен кон крајот на 70тите во минатиот век каде детално пишува за оваа тема. И заклучува дека ќе има двојни размислувања, но заклучокот секој ќе треба сам да си го донесе.
Останува дилемата дали името доаѓа од орнитонимот Галица или од придавката гал, што значи црн?
Врвовите на Галичица долго се бели, снегот тука се задржува и до јуни, така што “црна планина” Галичица сигурно не е. Освен некогаш ако ја гледате планината како се огледува во едно од двете езера, делува темно, а постојат и локални места кои го содржат името црно, црна и слично….
А галиците, пак се високопланински птици и се гнездат на карпи, овчарите добро ги познаваат и ги нарекуваат “птици што чрчорат” и летаат во јата. Ги има и на Галичица, така што ние ако се прашуваме името на планината веројатно и дошло од овие птици.
Секое доаѓање на одредена планина, па макар да биде повторување те учи на нови нешта. Некогаш се нови информации, некогаш се нови искуства, некогаш се нови впечатоци…..затоа секоја нова средба, посебна.
Така и оваа. Не учи, како на топонимите да гледаме логички.
Томорос, како врв е во сенка на популарноста на Магаро, Бугарска Чука…па и Лакосигној….но, има историски синапси кои овој врв го прават навистина интересен.
Тој бил дел од линијата на Македонскиот фронт, во периодот од 1915 до некаде 1918 година.На него се видливи остатоци од борбите.
Ровови, веројатно и рушевини од бункери, остатоци од муниција и друг воен материјал и денес можат да најдат најупорните. Има тргачи по злато, кои се во потрага по “француската болница”, која сé уште не е откриена.
Томорос некои го знаат и како Воден Камен, така бил обележан на некои стари географски карти.
И кога сме веќе детално кај значењето на топонимите, Томорос потекнува од еден стар илирски збор Томарос, што значи темен. И сега конфузија, Галичица не доаѓа од зборот црн, а Томорос значи темен врв…но една месност покриена со букова гора, што е реткост на Галичица југозападно од врвот е наречена Темнот.
Ако Ве интересираат детали за топонимите на Охридско-Преспанскиот басен, истражете го полискиот славист Пјанка кој во средината на 20 век овде педантно истражувал. Ние се воодушевувме колку детално тој истражувал.
Томорос е врв кој го освежуваат преспанските ветрови, некогаш е прегрнат со облаци, некогаш е чист. Тој тука гордо танцува со ветерот нудејќи пејзажи кои се естетски, актрактивни и поразлични од другата страна на Галичица која гледа кон Охридското Езеро.
Од оваа точка, ја забележувате големата вдлабнатина помеѓу двата венци со врвови што укажува на таа карстна геологија, со импознатна големина, со реликтни растенија, од кои многу можат да се сретнат само тука, со ендемични животински видови. И со над 1.600 пеперутки.
Уште еден факт за импресивните факти поврзани со оваа планина.
Пеперутки ние не видовме, прилично ладно беше, но си ветивме нова среба со Галичица, во некој топол ден.

You may also like

Leave a Comment