Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Зима во Крушевската Корија - No Man's Land

Зима во Крушевската Корија

Снег јануарски…

Највисокиот град во Македонија во зимски сон.

Минусни температури, но ништо не можеше да не поколеба да направиме долго пешачење од Крушево до Манастирот Св. Преображение, кој се смета за вториот дом на Тоше. И назад….

Мир, спокој и тишина чудна за една недела, во градот во кој доаѓаат туристи често, но свежиот снег и длабокиот минус ги поколебаа, очигледно. А нам мирот и тишината ни беа убав подарок.


Долгите зимски прошетки се одлична терапија.

Добра облека и соодветни чевли е сѐ што е потребно.

А овој крај, очите ги полни со прекрасни глетки, кои во еден зимски ден делуваат нестварно.

Прво, ве обзема мистиката на Крушевската Корија за која имате чувство во еден снежен ден дека е сцена од Лапонија Како се искачувате и ја напуштате таа бајка, пред вас се отвараат широки предели, побелени од снег каде доминираат благите линии на соседните планини.

На едната страна само се протега Пелагониската Котлина, која во овој ден беше заробена во магла. Наизглед, како бел џиновски облак под нас.


Крушево, е дестинација за сите годишни времиња. А одлуката да се оди пешки, наместо да се вози до локацијата која е на  1.780м.н.в. беше убав зимски предизвик.

Која е наградата после изодени 16км во двата правци?

Убав ручек со познатите крушевски колбаси и целувки како за крај на еден ваков ден.

You may also like

Leave a Comment