Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the wordpress-seo domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/nomayisn/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Руен, круна на истокот - No Man's Land

Руен, круна на истокот

Интересно е што значи  придавката ‘руен’ во македонскиот јазик.
Најчесто е епитет за убаво вино – ‘рујно вино’…. или за коњ – ‘Та го качија на рујна коња’…. или за означување на црвена боја – ‘рујна зора, рујна крв, рујни образи’….
Но, Руен е и врв, врв со прекрасна занесна убавина, сместен во прегратката на нашата источна граница.

 

Благиот брановиден гребен на Осоговските Планини, со необични камени орнаменти од стари разрушени воени градби кои сведочат за  некои војски од минатото, за утврдувања, за пишувања или бришења на граници…вистинки украс е на крајниот исток на Македонија.
Руен делува моќно со своите 2.252мнв, иако планинаскиот масив делува смирено.
Искачувањето е монотоно, но трудот се исплаќа, затоа што кога ќе се стигне горе, се отвара еден од најубавите погледи кои сме ги виделе во сите наши досегашни 33 искачувања на македонските врвови.

Теренот е прегледен, за неколку часови се пристигнува до ненадминатиот видиковец кај првата разрушена караула, чиста магија на просторот, која дава драматичност на фотографиите од ова наше искачување.

Совршени 8 часови на Осоговските Планини, во тоа непрегледно зеленило, како во пролетна прерија, а лето е, во ек на пандемијата, каде што планините се безбедно засолниште. После впивање на оваа убавина од самиот врв, каде што ја следевме играта на сонцето и облаците, не ни преостана ништо друго, освен во лесен ритам да се спуштиме долу, по истите патеки, во една пријатна летна топлина. пред да настапи олујата.

Вредеше што поранивме. Неколку часови подоцна следеше летно невреме пратено со громови по врвовите кои тој ден ние мирно ги искачивме.

Можеби изгледа скромна вегетацијата на Осоговски, заради отсуството на дрва, но тие бескрајни зелени површини и ситни цветови во нежни бои, само се доказ какво е летото и во каква сатурација е природата на таа полна светлина.

Заклучок: Посетивме уште едно нестварно парче на истокот од Македонија, скриено катче далеку од радарот на популарните планини. После Малешевијата и сега Осоговскиот предел, правиме една убава спојка која има свое ехо низ крајот и гласи  “Ќе се вратиме пак” ова лето да го заокружиме со уште две планини лакот кој си го замисливме.

You may also like

Leave a Comment